Павле Трајанов пред 9 години беше убеден дека Шеќеринска и Петковски се залагаат за промена на името, а сега молчи

Првиот човек на Деморкатскиот сојуз, Павле Трајанов е типичен пример за политичар кому желбата за власт му е поголема од љубовта кон татковината. Истиот оној Трајанов кој пред 9 години беше убеден дека Радмила Шеќеринска и Тито Петковски се залагаат за промена на името и идентитетот, сега молчи кога се нарушува унитарноста на државата и се прифаќа платформа која е вовед кон промена на името на државата. 
 
Трајанов во мај 2008-ма година, тврдеше дека Радмила Шеќеринска треба да му објасни на македонскиот народ, како за само шест месеци ќе ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ.
–Кога зборува Шеќеринска за компромис со Грција за влез во НАТО, треба на граѓаните да им објасни дали тоа значи промена на името преку промена на Уставот? Дали тоа значи откажување од македонскиот идентитет, јазик, писмо и култура? Дали тоа значи новото име да не се користи за комуникација со 120-те држави кои што не признаа под Уставното име – изјави Трајанов тогаш.

Лидерот на ДС тогаш нагласуваше дека загрижува фактот што Радмила Шеќеринска е во друштво со Тито Петковски, Стојан Андов, Ѓорѓи Оровчанец, кои, како што самиот тврдеше, „последните месеци здушно се залагале за промена на името на државата, не водејќи сметка за нашите национални и државни интереси“
– Имаме основа да се сомневаме дека Шеќеринска и СДСМ, за да се дограбат до власта се подготвени да го жртвуваат името на државата и македонскиот идентитет – напомена Трајанов во 2008-ма.
Тој додаде дека Шеќеринска повторно започнала со манипулации и лажни ветувања, нудејќи решенија за извонредно тешките проблеми за 6 месеци, не давајќи одговор зошто СДСМ не ги решила тие прашања за време од 13 години колку што досега беше на власт.
– Ги повикуваме граѓаните да се спротивстават на манипулациите и лажните ветувања и да ги поразат сите оние кои што се обидуваат на овој начин да дојдат на власт, газејќи го националното достоинство и загрозувајќи ги перспективите на македонскиот народ и држава – рече тогаш Трајанов.
 
  
 
Трајанов во мај 2008-ма година, тврдеше дека Радмила Шеќеринска треба да му објасни на македонскиот народ, како за са

Пронајдете не на следниве мрежи: