Пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин е четвртиот принцип од Манифестот кој денеска го претстави ВМРО-ДПМНЕ.Пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин
-Неопходно е национално обединување околу целите за подобра економија, повисок раст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи, новоотворени работни места за нашите граѓани, затоа што тоа е навистина најпотребно. Докажавме дека тоа е возможно со видно подобрување на рангот на државата на повеќе листи за квлитет на климата за водење бизнис, како и преку создавањето на над 160.000 нови работни места. Неопходно е да се опстои на тој курс, што е доплнителена причина за постигнување национално (надпартиско) обединување околу овој единствен интерес за сите наши граѓани, рече Димовски.
Обединување околу реализирање на идеата за Пазар на кој секоја индивидуа, нагласи Димовски, ќе може да си го најде сопственото место, начин на обезбедување на егзистенција, простор за борба за подобро утре, за посреќно семејство.
-Моќта на развиените држави во светот почива на создадената култура, атмосфера, верување дека секој треба да смисли начин како да успее во животот и да не чека друг да го направи тоа за него. Тоа значи дека секој треба да почне да верува дека може да успее ако има добра идеја, упорност, истрајност и подготвеност за ризик. Затоа претпиемничкиот дух треба да биде водилка во обезбедувањето на сопствен приход. Тоа е тесно поврзано со остварување на сечиј сон, рече Димовски.
Знаењето и образованието не се доволни сами по себе ако само се повторува тоа што сме слушнале или прочитале, без системски поттик на секој поединец до максимум да ја извлече и развие својата креативност и иновативност и да се насочи кон создаање на сопствен бизнис.
-Само општество со граѓани со креативни и иновативни идеи може да продуцира нови успешни бизнис приказни, да креира зголемено ниво на конкурентност на пазарот и борба за пласман на производи и услуги надвор од границите на државата, рече Димовски.
Затоа, нагласи тој, главни елементи на планот на економијата треба да бидат пазарното стопанство, конкуренцијата, натпреварот, можноста за избор, личната одговорност. Пазарот е тој што ги развива натпреварувачкиот и духот на претприемништво и ги поставува критериумите на стручност, успешност и на квалитет. Со тоа, сите заедно да се избориме за поголеми плати, повисок стандард.
-Најдобрата социјална политика е политиката која отвара нови работни места и генерира економски раст. Државата води сметка да се намалат нееднаквостите кои може да ги создаде пазарот. Но, праведноста и солидарноста не е исклучиво право во нејзина надлежност. Државата не може да ја замени нити приватната, нити граѓанската и локалната иницијатива. Во сета пазарна логика која ја надградуваме, мора да ја зачуваме традицијата за солидарност и помош на најранливите во нашето општество, закличи Димовски.
Ова се долгогорочните принципи за кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага. За краткорочните цели е Патоказот за излез од тековната политичка криза. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Манифестот е отворен документ кој нуди решенија за клучните стратешки прашања во државата за долгорочен и среднорочен план. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за дебата и се очекува и СДСМ и останатите општествени чинители да го прифатат и да излезат со свој став.Пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин
-Неопходно е национално обединување околу целите за подобра економија, повисок