Пченка- здраво и вкусно летно задоволство

Секое лето на плажите и по улиците варената пченка е апсолутен хит. Таа, освен што е вкусна, е и исклучително корисна! Со редовното јадење пченка во  човечкиот организам се внесуваат сите потребни витамини. Пченката го штити срцето од разни болести, вклучувајќи и дијабетес. Луѓето кои секојдневно го консумираат овој плод, внесуваат  22% повеќе растителни влакна, кои се задолжителни при правилна и здрава исхрана. Пченката е богата со јаглени хидрати, магнезиум, фолна киселина, протеини и други многу важни хранливи материи и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Пченката цути при крајот на летото, а плодовите созреваат во септември и почетокот на октомври. Сепак, замрзнатата пченка не губи од корисните квалитети.
Ви претставуваме неколку факти и придобивки за пченката:
-Пченкарно масло се користи во лекување на нарушен метаболизам, како и за борба со вишокот холестерол.
-Пченка е корисна при мускулна дистрофија, може да го надомести недостатокот на телесна тежина, без да предизвика штета на организмот.
-Пченка се користи како во медицината, така и во козметиката. Таа ги зајакнува ноктите, забите и косата.
-Пченкарното брашно го чисти лицето. Не ја отстранува само маснотијата, туку и мртвите клетки.
Рецепт: Летна салата со пченка 

Препознатливи по прекрасниот вкус се варената пченка и белите пуканки. Од пченкарно брашно се подготвува леб и каша наречена качамак. Јадењето на пченкарен корнфлекс со обезмастено млеко наутро, два до три пати во неделата може да одигра важна улога во превенција на ракот.
Читајте повеќе на najadise.mkСекое лето на плажите и по улиците варената пченка е апсолутен хит. Таа, освен што е вкусна, е и исклучително

Пронајдете не на следниве мрежи: