Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави второто, печатено издание на книгата „Од збор до збор“ на Тихомир Јанчовски. Електронското издание на оваа книга пред две години беше објавено на Книготеката на www.off.net.mk и во тој период имаше над 10 000 споделувања.Печатената верзија е направена за оние што сакаат да ја имаат и како вистинска книга, со страници и со корици.
Промоцијата на книгата ќе се случи на 12 јануари (вторник) од 19 часот во Центарот за култура во Битола. Стихови ќе читаат: Зоран Тортевски, Марјан Ивановски, Добрила Грашеска и авторот, а промотор е Марјан од Битола.
По завршувањето на официјалниот дел, следува музичка промоцијата, со етно-свирка на бенд воспецијален состав за оваа пригода: Марјан Јовановски („Синтезис“), Добрила Грашеска („Чалгија систем“), Зоран Тортевски („Хармосини“).
„Овој избор (насловен ’Од збор до збор‘), од збор до збор, од стих до стих, од песна до песна нѐ води низ пространиот поетски свет на Тихомир Јанчовски, преку песните од стихозбирките ’Обични зборови‘ (1999), ’Два‘ (2002), ’Последно време‘ (2005), ’Осама‘ (2010), ’О, ти‘ (2011) и ’Староста може, a и не мора да се дочека‘ (2013). Пред нас се песни што секојдневно добиваат нови читатели. Во време кога честопати слушаме за ’криза на поезијата‘, песните на Тихо со светлосна брзина се споделуваат, коментираат и љубат. Многумина ги чувствуваат овие песни како свои“, напиша Владимир Мартиновски во рецензијата кон оваа книга.
Тихомир Јанчовски, поет, колумнист и преведувач. Роден 1967, во Скопје. Пред да наполни 30, живеел во Скопје, Брисел, на островот Скијатос, малку во Амстердам, повеќе во Лондон и во Будимпешта и пак во родниот град. Најмногу таму, во „Професорската зграда“ на „Ленинова“ 65. Работел како физикалец, собар, тревокосач, разнесувач на весници, работник во фабрика за сокови, продавач на тезга (Ковент Гарден), келнер, чувар на плажа, шанкер, новинар, музичар, молер, преведувач и професор по литература и по светска историја. Отсекогаш сакал да научи и берберски занает, ама не стигнал. Бил трипати на Света Гора. Ги посетил сите градови, многу села и повеќето манастири во Македонија. Од 1997 постојано живее и работи во Скопје. Има објавено шест книги поезија: „Обични зборови“ („Табернакул“, 1999), „Два“ („Кинематика“, 2002),„Последно време“ („Блесок“, 2005), „Осама“ („Или-или“, 2010), „О, ти“ („Темплум“, 2011),„Староста може, а и не мора да се дочека“ („Матица“, 2013). „Од збор до збор“, објавена од„Антолог“, е избор од тие шест книги.
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија и антологии („Млад борец“, „Студентски збор“, „Proglas“, „Texas Poetry Review“, „Muse India“, „Блесок“, „Пурпурни извори“, „Voix Vives“…). Колку што ни е познато, преведуван е на англиски, француски, словачки, српски, хрватски, албански, грчки и на италијански јазик.
Од 2013 година редовно објавува колумни во „Утрински весник“, во рубриката „Рурбано“. Излегуваат секој втор викенд.Печатената верзија е направена за оние што сакаат да ја имаат и како вистинска книга, со страници и со корици.
Промоцијата на книгата ќе се