– Непознат сторител извршил полов напад врз 12-годишно девојче вчера во скопската населба Карпош.Како што соопшти МВР, случајот го пријавила В.П., мајката на девојчето, ноќеска во 2:30 часот по полноќ. Според неа, немилиот настан се случил околу 19:30 часот.
Додека девојчето возело велосипед по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Анкарска“, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години и му побарала 20 денари. Сторителот и рекол дека ќе и даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што таа се согласила. Наместо 20 денари сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.Како што соопшти МВР, случајот го пријавила В.П., мајката на девојчето, ноќеска во 2:30 часот по полноќ. Според неа, немилиот настан се случил окол