Педофилијата е болест која треба да биде искоренета

Мојот став е дека педофилијата е болест и треба да се третира како таква. Воопштво не го оправдувам самиот натпис кој излезе во медиумите и чинот дека педофилијата треба да се прифати како нормална појава, а педофилите да се сметаат како маргинализирана група на која треба да им се дозволи да прават што сакаат, вели Светлана Јованова од невладина организација „Лидија-срце што чука“ по повод колумната на Никола Шиндре.Можеби тоа се луѓе на кои им е потребна помош и верувам дека е така, но им е потребна помош од стручни лица психијатри кои ќе работат на самото тоа, девијантната појава која е кај нив да биде искоренета, објаснува таа.
Јованова вели дека кога станува збор за жртви на педофилија, ако се работи за девојче, и ако педофилот е машко, таа ќе има страв од секоја личност од машки пол, и обратно.
-На родителите им препорачуваме стручна помош од лица кои работат со жртви на педофилија. Се зголемува бројот на жртви од педофилија. Пред една недела имавме случај во западна Македонија каде педофилот откако ја отслужил својата затворска казна се вратил на местото на злосторот и повторно ја силувал својата ќерка која овој пат била полнолетна. Законските казни за овие луѓе мора да бидат поригорозни и треба да се најде начин како тие луѓе да бидат задржани на лекување, затоа што педофилијата е болест. Не станува збор за атакување врз возрасна личност, туку врз дете кое во тој момент се гради како личност, вели Јованова.
Таа додава дека како жители на Македонија сите треба да бидат единствени во одбрана на децата и не треба да се плашиме да се спротивставиме на лица кои ја промовираат педофилијата како нормална појава.Можеби тоа се луѓе на кои им е потребна помош и верувам дека е така, но им е потребна помош од стручни лица психијатри кои ќе работат на самото тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: