Андреа Демировиќ, поранешна сопруга на кореографот Милош Пауновиќ, сегашен дечко на пејачката Милица Тодоровиќ, се врати по тригодишна пауза на музичката сцена со песна која претставува порака до поранешната љубов.Претставничката на Црна Гора на Евровизија во 2009 година, снимила песна и спот со симболичен назив „Посвета“. Судејќи според зборовите, таа е посреќна откако не се заедно.
На Милош во песната му порачува дека се „сопнала“ со него и дека го преболела, сакајќи да му порача дека не ѝ пречи што е во врска со Милица и што е со неа пред официјално да се разведат.
„По Евровизија одлучив да завршам основни и специјалистички студии на Музичката академија на Цетиње. Се случи и една прекрасна работа. Станав мајка на прекрасно момче. Целосно му се посветив, постоеја некои други приоритети“ – рекла таа во едно интервју.
Да потсетиме, Милица и Милош во моментов уживаат во Америка, од каде пејачката редовно објавува фотографии на социјалните мрежи.
Претставничката на Црна Гора на Евровизија во 2009 година, снимила песна и спот со симболичен назив „Посвета“. Судејќи според зборовите