Пејачката се скаменила: Крадец со нож упаднал во куќата, собрал се од масата и…

Провалник влетал во  домот на фолкерката и со закана со  нож  украл скапоцености. Куќата на Гордана Лазаревиќ била мета на провалници  во  текот на изминатата вечер. Пејачката која била многу исплашена, не се обидела  да го спречи крадецот во  кражбата, па така тој  го искористил тоа и  ги собрал сите скапоцености од масата, кои  му  биле на дофат  на рака.
„Гоца била сама дома. Многу  се исплашила, се скаменила од страв, па не успеала ни  да реагира.  Се претпоставува дека се работи  за некој ситен крадец, аматер, веројатно наркоман бидејќи професионалец за кражба би  избрал момент кога дома нема никој, а пота детално би ги пребарал сите простории, додека овој  го  земал само  она што  било  на масата и побегнал“, вели  извор близок на пејачката.
Инаку, на Бежаниска коса живеат голем број  естрадни личности, па не чуди што  крадецот го одбрал токму тој крај.
„Во тој  дел од градот живеат  голем број  луѓе кои важат  за моќни и  богати, па провалникот веројатно се понадевал дека ќе се офајди. Но, тука има и многу камери, а тој  за тоа веројатно не размислувал штом туку така упаднал во куќата на Гоца, што исто така укажува на тоа дека се работи за некој  наркоман кому итно му биле потребни пари“, заклучува изворот.Пејачката која била многу исплашена, не се обидела  да го спречи крадецот во  кражбата, па така тој  го искористил тоа и  ги со

Пронајдете не на следниве мрежи: