Пејкоф: САД треба да учат од Македонија за пониските даночни стапки

Енди Пејкоф е Македонец Американец, по татко и мајка од Егејска Македонија ко избегале од виорот на Балканските војни и емигрирале во Америка. Како млад започнува да се заминава со продажба на вода, за во еден момент – кога ги надминува таргетите поставени од директорите на компаниите за кои работел – да одлучи сам да почне да се занимава со производство и продажба на флаширана вода.Денес, неговата компанија Нијагара Ботлинг е една од најголемите во светот. Има 8 деца, 16 внуци и доаѓа во Македонија два пати годишно за да се види со пријателите. Го поддржа основањето и поставувањето на Македонија 2025 заедно со Мајк Зафировски. Голем поддржувач е на економскиот развој на земјава, твдокорен во ставот да не го менуваме Уставното име Република Македонија.
Сега имаше две пораки: оние кои ги уништуваат спомениците и владините објекти треба да одговараат по закон, а оние амбасадори кои ги поддржуваат вандалите и нивните политички патрони – да земат сапун и вода и да ги исчистат спомениците!
Господине Пејков, вие сте Македонец но и Американец и еден од најуспешните бизнисмени во светот, но сепак Македонија малку знае за Вас. Може ли ова интервју да го започенеме со преставување. Потекнувате од Македонија, имате 8 деца и 16 внуци.
– Моите родители се родени во Егејска Македонија. Татко ми емигрирал во 1912 година за време на Првата Балканска војна. Се вратил само еднаш, за да се ожени во мајка ми во 1927 година.
Јас имам 8 деца, но мајка ми имала 7 бебиња. Едно е родено овде, другите во Америка. Во тоа време, бевме многу сиромашни Македонски Американци. Немавме пари, бевме сиромашни.
Но, имавме гордост и нашите родители не воспитуваа дека мораме да работиме и мораме да штедиме. Ако работиш и штедиш, нештата ќе станат подобри. И тоа е вистина.
Ако работиш напорно и штедиш, нештата навистина стануваат подобри и подобри. Таа можност е за луѓето во Америка, таква можност имаат и луѓето овде во Македонија. Ова е мала земја, но правилата се исти.
Што им порачувате на младите претприемачи кои сакаат да започнат со бизнис во било која област?
– Ако сакате да го направите тоа – направете го. Но, морате да го направите вие самите. Мора да имате волја да работите многу и долго. Ако мислите дека ќе работите само 8 часа и ќе успеете – не влегувајте во бизнис.
Мора да работите многу повеќе од другите, мора да бидете подготвени да се справите со стресот, да се борите, и да ги надминете сите работи, нешта и луѓе кои ќе се обидат да ве спречат да успеете.
Мора да ги надминувате тешкотиите како што ќе доаѓаат. Мора да работите напорно, мудро и долго. Некои луѓе мислат дека лесно да се направи бизнис. Мислат: ако може тој, можам и јас. Тоа е вистина, но само сте подготвени да ја завршите целата работа. Ако сакате да работите малку, не започнувајте со бизнис.
Знаете дека нашата Влада работи напорно да ги зголеми странските директни инвестиции, да отвори нови работни места, да се отворат повеќе фабрики со што ќе се намали невработеноста и сето тоа согласно европските стандарди. Меѓутоа, во последниве две години, земјата се соочува со најсериозната политичка криза. Бевте во Скопје, видовте што се случува на демонстрациите на шарената револуција и начинот на кој ги уништуваат и спомениците и новите објекти. Што мислите за тоа?
– Шокиран сум. Кога се довезовме во Скопје и поминавме покрај убавата Триумфалната капија, а сега ја има сета онаа боја врз неа – не ми се веруваше што гледам.
Зошто некој сака да ги уништува сите овие убави споменици? Зошто? Тоа е нашата култура и наша гордост, а сега со сите тие графити и боја врз нив…Срамота е. Засрамувачки е. Не е Македонски. Македонците не уништуваат, ние Македонците градиме. Работиме на прогрес, не работиме на уништување.
Секој има право да го изрази своето мислење, па дури и преку протест. Меѓутоа, се уништува државен имот. Што им порачувате на демонстрантите, учесници во Шарената револуција?
– Ако го кршите законот, мора да си ја платите цената. Ако сте криминалци, неискрени луѓе кои уништуваат јавен имот, воопшто не сакам да имам каква било врска со такви луѓе. Сакам добри нешта за луѓето околу мене. За луѓето кои ги знаеме и сакаме – сакаме и подобри работи.
Не сакаме да ги учиме луѓето да уништуваат и растураат, сакаме да ги подобриме нештата.
Реков дека сум подготвен да плама да се исчистат спомениците, им го реков тоа на пријателите, се срамам да ги гледам во ваква состојба. А тие ми одговорија: Да, дури и да ги исчистиш, тие повторно ќе ги извалкаат.
Јас им одговорив: Па ставете стража, ставете полиција, заштитете го нашиот имот. И со тек на време лошите момци ќе почнат да сфаќаат дека не може да оштетуваат јавен имот и да се извлечат од тоа.
Не може да го прават тоа. Тоа не ниту добра работа, ниту Македонска. Ниту ќе го дозволиме тоа, ниту ќе го толерираме.
Доколку ова се случуваше во Америка, во Вашингтон, ако некој се обидуваше со боја да ја оштети, како ќе реагираа тамошните власти?
– Тоа е барем лесно. Ќе беа уапсени на лице место, веројатно ќе одеа во затвор, сите во земјата ќе беа лути зошто тие криминалци така постапиле, дека се лоши луѓе. Ние не го правиме тоа. Има графити, но никој не би се осудил, не би имал смелост и не би бил глупав да оштетува јавен имот и да мисли дека ќе се извлече од тоа.
А не знам зошто се извлекуваат овде. Не треба да биде дозволено.

Во овие неколку денови се уверивте дека претседателот на СДСМ воедно и градоначалник на општината Струмица им се придружи на демонстрантите и учествуваше во уништувањето на спомениците и објектите од проектот Скопје 2014. Што ќе му порачате нему?
– Заев, се надевам дека точно ќе го изговорам, Зоран Заев, тој е лидер на една политичка партија и оштетува јавен имот? Како е можно тоа? Тој е политички преставник, тој е избран градоначалник? Како може градоначалник на град да оштетува државни објекти за кои се заколнал дека ќе ги заштитува? Тој е владин преставник, негова работа е да го заштитува имотот, да ги штити законите.
Не разбирам. Тоа никогаш не би се случило во Америка. Тој ќе беше уапсен за криминално однесување и ќе беше присилен да поднесе оставка, бидејќи ја прекршува јавната доверба. Не е важно кои му се мотивите, не може да се уништува јавен имот, и да се извлекува од тоа. Тоа е спротивно на Законот.
Можеби не размислува трезвено, можеби размислува глупаво – мене ми нема никаква логика.
Мора да се почитува Законот. Првото правило во секое цивилизирано општество е: Зошто имаме влада? За да се почитува Законот. Ако не се почитува Законот, како се нарекува тоа.. Анархија? Мора да се почитува Законот, затоа тој постои. Кога луѓето го прекршуваат, затоа постои полиција, затоа ги апсат луѓето и потоа следуваат судења.
Добро, но вие имате преставници на меѓународната заедница во Македонија, амбасадори, кои и премногу се мешаат во внатрешните работи на Македонија на страната на демонстрантите и на опозицијата. Која е вашата порака до нив?
– Можеби треба да им дадеме сапун и вода и да им кажеме: Ако сакате толку многу да ни помагате, помогнете да се исчистат зградите. Не сакаме да ги охрабрувате луѓето да ја оштетуваат нашата држава, ако сакате да ни помогнете, добро. Еве ви кофи со сапун и вода – чистете ги зградите. Не им кажувајте на луѓето да го оштетуваат нашиот имот. Ако го правите тоа – не сте ни потребни овде.
Имаме доволно нешта со кои треба да се занимаваме без вие да оштетувате и да им помагате на луѓето да прават лоши работи. Не ни треба таа помош. Не ни треба тоа…
Како да излеземе од оваа ситуација г. Пејкоф? Амбасадорите даваат силна поддршка на она што опозицијата сака да го создаде како анархија, во уривањето на безбедносниот систем и се мешаат во внатрешните работи на Македонија. Како ја советувате Владата да постапи во оваа ситуација?
– Тука има неколку работи. Го споменавте прислушувањето, власта без избори… Чекор по чекор.
Дали најпрво автентичноста, а потоа и содржината на прислушуваните разговори треба да биде испитана?
– За прислушувањето, фатете го од самата основа, гледајте го како бизнис ситуација. Кои закони се прекршени, кој ги прекршил, која е казната и тоа треба да се случи. Да се оди на судење и да се извадат сите докази. Да не се слуша само едната страна. Ако ја имаме само едната страна, не ја знаеме вистината. Мора да се слушнат двете страни. И ако некој направил нешто незаконско, мора да ја платат цената.
Тоа важи за сите криминали. За прислушувањето – да, за фарбањето јавен имот – да, за било што.
Ние владееме по закон. Мора да имаме лидери кои го почитуваат законот. Каков пример им даваме на децата, а во мојот случај и на внуците, ако дозволуваме криминалците да се извлекуваат постојано? Тоа не може да го правите.
Законот е закон и мора да се почитува, а лидерите се заколнале дека ќе го почитуваат законот како дел од нивните обврски од моментот кога се избрани. Мора да работат по закон, а ако изберат поинаку, мора да се повлечат.
Не може да имаш политичка функција ако не го почитуваш законот.
Десет години по ред опозицијата ги губи изборите и повторно сакаат да бидат власт без избори. Што да правиме во оваа ситуација?
– То не е легално. Не, не може да го дозволите тоа. Ова е слободна земја и секој има право да се натпреварува за да ја води земјата. Спроведете политичка кампања и видете дали луѓето се согласуваат со вас и вашите идеи. Тоа е владеење на правото. Кој добие најголем број гласови – победува. Но, не може да водите земја без влада.
Со оглед на фактот дека потекнувате од Егејска Македонија, кој е вашиот став за прашањето за името? За проблемот кој што Грција го има со нашето Уставно име?
– Не сум политичар, но необично ми е, Македонија и нашиот народ би слушале било кого кој не е Македонец да ни кажува кое е нашето име. Нашето име е наше име и тоа не е ничија работа освен наша. Тоа е нашето име, а ова е Македонија.
Знаеме дека северниот дел од Грција беше Македонски. Таму се родени моите родители. Кога тие се родени, тоа не било Грција, туку Македонија, и тој дел и бил даден на Грција.
Никогаш не сум разговарал со некого кој има добро образложение: Зошто 51% од Македонија и се дадени на Грција? Не ги прашаа Македонците дали се сложуваат со тоа.
Никогаш не ги прашале моите родители дали сметаат дека тоа е добра идеа, да ја дадат својата земја на друга земја, туку само го направија тоа.
Како ја гледате Македонија во иднина?
– Ова е убава земја со убави луѓе, прекрасна храна, убаво вино. Има добар раст. Повремено ми испраќаат податоци за зголемување на вработеноста, дека економијата и извозот стануваат се подобри, а сето тоа се охрабрувачки знаци.
Слободното претприемништво функционира, капитализамот функционира. Функционира во САД, функционира и во Македонија.
Всушност, сега функционира подобро во Македонија. САД би можеле да научат од Македонија за пониските даночни стапки. Пониски се во Македонија и подобро фунцкионира. Разбрав дека Владата прибира повеќе даноци со пониски даночни стапки отколку со повисоките, бидејќи се стимулативни.
Можеби тоа ќе се случи и во САД по следните избори, ќе видиме.
Што ги советувате македонските граѓани?
– Останете верни, работете напорно, изберете одговорни функционери од политичка гледна точка.
Инсистирајте јавните функционери да ги извршуваат работите заради кои се избрани. Ако не ги извршуваат, на следните избори не гласајте за нив. Гласајте за некој кој ќе си ја врши работата.
 
Денес, неговата компанија Нијагара Ботлинг е една од најголемите во светот. Има 8 деца, 16 внуци и доаѓа во Македонија два пати годишно за да се ви

Пронајдете не на следниве мрежи: