Пекол во Баку: Работници од Македонија, Србија и БиХ се држат како робови!

Обвинителството на БиХ покрена тужба против Божо Вученовиќ и уште 12 лица поради трговија со луѓе, организиран криминал и држење луѓе во робовладетелски однос. Повеќе од 600 работници во Азербејџан кои се од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, се држат во ваков вид на односи.Првообвинетиот Божо Вученовиќ, директор на фирмата „Сербаз“, преку чие претставништво во Градишка е организирана криминална работа со привлекување на работници од овие простори да одат во Азербејџан да работат, наместо ветената добра заработка им приредил на измамените луѓе камшикување, злоставување, ропски однос и нималку плата, а во таа земја во периодот од 2007 до 2009 година, починале најмалку двајца градежници.
Со истрага е потврдено дека семејството Вученовиќ и другите обвинети, незаконски заработиле повеќе милиони евра кои ги држеле на повеќе сметки во неколку држави.
Наместо ветената заработка од пет долари на час, работниците со месеци не добивале плата. Тие живееле во близина на градилиштето во колективни престојувалишта, често останувале без основни услови за живот и без храна, па многумина од нив драстично загубиле од телесната тежина.

 
„Работниците беа држени во нечовечки услови и неадекватни простори за сместување, со скратување на плаќањето за договорените накнади за работа, парични казни, тие беа приморани да работат прекувремено без можност за одбивање на таквата работа“, наведено е во обвинението. На работниците без пасош и без средства за живот, им била скратена слободата на движење, но и можноста да се вратат дома.
„Луѓето беа приморани да ги продаваат личните работи за да можат да си купат храна“, наведува адвокатот Кузмиќ.
Работниците сведочат дека нивниот надреден веднаш им ги земал личните исправи и документите и дека од него зависело дали некогаш ќе можат да се вратат дома и да се спасат од секојдневните малтретирања и злоставувања.Првообвинетиот Божо Вученовиќ, директор на фирмата „Сербаз“, преку чие претставништво во Градишка е организирана криминална работа со п

Пронајдете не на следниве мрежи: