Седуммина млади на возраст меѓу 15 и 21 години се уапсени во Берлин, бидејќи се осомничени дека намерно запалиле заспан бездомник во метро станицата „Шонлајнштрасе“ во германската престолнина, објави весникот „Билд“.Нападот се случи на Бадник.
Властите во Германија објавија информации дека осомничените се уапсени. До разврската дошло откако полицијата пушти слики и видео на осомничените.
Инспекторите го утврдуваат нападот регистриран од камерите за надзор како обид за убиство. Полициските сили ја почнале потрагата по напаѓачите од саботата.
Тие се видени тогаш како фрлаат кон 37-годишен човек запален предмет со кој му ја запалиле облеката. Мажот бил спасен од минувачи и од машиновозачот на метрото кој го изгасил со противпожарен апарат.
Бездомникот останал неповреден, но неговата покуќнина била уништена.
„Во овие денови очекуваме милосрдие, а наместо тоа наидуваме на нехуман третман“, рече министерот за внатрешни работи на провинцијата Берлин Андреас Гајзел.
Тој изјави дека е ужаснат од она што се случило и им се заблагодари на сите кои покажаа вистинска човечност.
Според податоците на полицијата, шестмина од уапсените извршители се од Сирија, а седмиот е од Либија.
„Знаеме кој е главниот сторител. Станува збор за 21-годишен Сириец“ – изјави портпаролот на полицијата Томас Ноендорф.Нападот се случи на Бадник.
Властите во Германија објавија информации дека осомничените се уапсени. До разврската дошло откако полицијата п