ПЕКОЛЕН ПЛАН НА ИСИЛ: Ги силуваат јазидските жени за да им ја сотрат крвната линија!

Есктремистите од Исламската држава на Ирак и Левант, грабнале 300 јазидски жени со цел да му ја сотрат уникатната крвна линија на овој народ!Верата на Јазидите е стара 4.000 години, но џихадистите ги нарекуваат „следбеници на ѓаволот“ и ги прогонуваат поради нивните единствени верски убедувања.
Јазид се станува од самото раѓање и не постои можност за преминување од друга вера во јазидизам. Верата им е монотеистичка. На Јазидите не им е допуштено да стапуваат во брак со припадници на друга вера, а оние кои го прават тоа се исфрлаат од јазидската заедница. Јазидите се специфични и според тоа што голем број припадници имаат руса коса и сини очи. Со силувањето, кое доведува до зачнување и раѓање на деца, таа генетска линија би се прекинала, што би довело и до исчезнување на народот кој цели четири милениуми влече корени од минататото.

Според Аднан Кочар, претседателот на Курдскиот културен центар во Лондон, Курдите и Јазидите имаат ариевско потекло, но Јазидите се позатворена заедница и затоа имаат поизразена руса коса и сини очи, во однос на Курдите.
„Припадниците на ИСИЛ грабнаа околу 300 јазидски жени кои ќе ги примораат да се омажат за џихадисти и да им родат муслимански деца. Ако веќе не можат да ги убијат сите Јазиди, тие барем ќе се обидат да им ја уништат таа сина крвна линија“, објасни Кочар.
Околу 45.000 Јазиди успеале да избегаат во планината Синџар, веднаш по воздушните напади на САД врз ИСИЛ, како и нападот на курдските сили на милитантите.
Јазидите тврдат дека за време на својата историја преживеале дури 72 геноциди, меѓу кои најлоши биле оние за време на Османската Империја, за време на владеењето на Садам Хусеин и сега – кога се наоѓаат на мета на исламските фундаменталисти на ИСИЛ.
По сите тие геноциди, нивната популација е намалена на само 700.000.
Верата на Јазидите е стара 4.000 години, но џихадистите ги нарекуваат „следбеници на ѓаволот“ и ги прогонуваат поради нивните единствен

Пронајдете не на следниве мрежи: