Пеколот наречен БЕЛО РОБЈЕ: „ми носеа и по петмина одеднаш…“

Трговијата со луѓе е еден од најголемите злосторства. Ви изнесуваме шокантни, реални приказни на жртви. Нивните трагични судбини запишани се во полициските записници. Еве некои од нивМајката на Ана (11) била проститутка. Ја родила во БиХ. Не знаела кој е таткото на Ана. Бебето не го сакала па затоа го оставила по раѓањето. За Ана почнала да се грижи нејзината баба.
Всушност, не се грижела за неа. Ја занемарувала и ја хранела толку колку да може да преживее. Но бабата ѝ било единственото живо суштество кое го имала на овој свет па ја сакала својата баба. Растела покрај неа во сиромаштија и просење.
Со текот на времето, како што растела Ана, а била прекрасно девојче со руса коса, бабта, благодарение на Ана, почнала повеќе да заработува. Луѓето го сакале малото лице на Ана па секогаш ѝ давале пари. Но просењето не било нејзина единствена „занимација“.
„За нас бабата и Ана беа странци кои ги затекнавме во Хрватска како просат. Девојчето беше скоро неписмено, но многу убаво и интелигентно“, сведочат истражителите, кои ја уапсиле бабата додека проселе. Ана како да воздивнала. Како да сфатила дека страдањата завршиле. Не заради просењето туку поради она што подоцна психолозите го откриле. Повеќе од година дена Ана ја држеле во Босна затворена, ја изгладнувале, тепале, силувале. Имала помалку од 10 години. То не им го кажала на докторите. Им ги нацртала своите страдања. Бабата која на крај била протерана од Хрватска сигурно занела што се ѕверовите ѝ правеле на нејзината внука.
„Таа ја користела за просење и само тоа ѝ било важно. Од прекрасно девојче ја претворила во предмет за искористување“.
Хрватска ѝ обезбедила на Ана четврт привремен престој од хуманитарни причини. Таа сега е во сигурно семејство и не сака да ја напушти Хрватска, би сакала засекогаш да остане таму.

 
Сања (24) работела како келнерка во гостилници. Минувач отворено ѝ понудил заработка од проституција. Ѝ ветувал сончана земја и добра заработка. Прифатила. Се спакувала и заминала во Шпанија. Таму ја чекало „СЕ“, стан и макро.
„Прво добила ќотек. Потоа ја фрлил во собичка, уште еднаш ја претепал, ѝ го земал пасошот и мобилниот“, запишала полицијата.
„Ќе те убијам доколку се обидеш да избегаш… Не знаеш кој сум и какви врски имам во полиција. Ти си сега моја сопственост и ќе заработуваш за мене“, јасно ѝ дал до знаење макрото.
Сања плачела и страдала. И се проституирала. Често ја силувале бидејќи макрото им дозволувал. Во собата доведувал и по петмина мажи кои ја силувале.
„Јас честам“, им велел.
Редовно добивала ќотек. На ден морала да одработи и до 50 муштерии. На макрото му ја давала целата заработка, помеѓу 2500 и 3000 евра.
Морала да се согласува на секс без кондом доколку муштерија тоа не го сакал. Многумина сакале секс за време на менструација. Ни тогаш не била поштедена…
сега е во Хрватска. Без пасош.
Но не сакала да соработува со истражителите. Се јавила само дека била жртва на трговија со луѓе. Како жртва не мора ништо да открие…
„Кога ќе им ги земат документите, жртвите, иако можеби не се свесни за тоа, стануваат жртви на трговија со луѓе. Стануваат зависни и живеат под голем стрес, во постојан страв од злоставување, убиства или депортација“, додаваат од полиција.Мајката на Ана (11) била проститутка. Ја родила во БиХ. Не знаела кој е таткото на Ана. Бебето не го сакала па затоа го оставила по раѓањето. За Ан

Пронајдете не на следниве мрежи: