Пеле: Јувентус ги „купува“ натпреварите

Поранешниот младински репрезентативец на Италија, во изјава за холандските медиуми околу фудбалот во неговата земја, потоа рече дека погрешно го разбрале.
Грациано Пеле беше голема надеж на италијанскиот фудбал, рано отиде во АЗ Алкмар, се врати многу доцна во италијанската Серија „А“, не блескаше премногу во Сампдорија и Парма, но се наоѓа во одлична форма играјќи во дресот на Феенорд.
„Таму е се корумпирано, Јувентус ги купува натпреварите, стадионите се стари и празни, има проблеми со навивачите“ изјави фудбалерот кој оваа сезона во Холандија постигна 17 погодоци на 19 натпревари.
„Навивачите се опасни, немав проблеми, но знам многу кои беа жртви на насилство. Проблемот не се свирежите од трибиинте, не, во Италија можат да ве нападнат вон стадионот, ако се незадоволни како играте“ вели Пеле во изјавата за холандските медиуми.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Поранешниот младински репрезентативец на Италија, во изјава за холандските медиуми околу фудбалот во неговата земја, п

Пронајдете не на следниве мрежи: