Легендарниот бразилски фудбалски АС, Пеле, со големи критики за новата фудбалска ѕвезда во Бразил, фудбалерот на Сантош, Нејмар, за кого вели дека е само просечен фудбалер и ништо повеќе.
Младиот Нејмар често го споредуваат со Пеле, кој е легенда на тимот на Сантош, каде во моментов настапува Нејмар, но, според Пеле, Нејмар е само преценет фудбалер кој е фокусиран само на сликата која ја создава за себе.
„Кога игра за репрезентација тој е само обичен играч. Тој има голема одговорност а неговата најголема грижа е како да се облече и дали му е фризурата убава“ изјави Пеле.
Пеле во изјавата вели дека Нејмар е посебно ноншалантен во Бразилската фудбалска репрезентација кога играат на гостински терен.
„Кога игра Бразил на гостински терен, тој не игра добро. Поголемиот број на луѓето мислат дека тој е решение за сите проблеми кои ги имаме во репрезентацијата, но јас мислам дека тој не може да се носи со таа одговорност“ додаде фудбалската легенда на Бразил, Пеле.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Легендарниот бразилски фудбалски АС, Пеле, со големи критики за новата фудбалска ѕвезда во Бразил, фудбалерот на Санто