„Пелистерка“ ги награди најдобрите дизајнери на вело-паркинзи кои ќе се постават во Скопје

Елена Петровска, Филип Конески и Драган Тренчевски ги изработија најинтересните решенија на велосипедски паркинзи за што организаторот на неодамнешниот конкурс, „Пелистерка“, ги награди со по еден велосипед од врвна класа.Оваа акција на компанијата имаше за цел поттикнување на креативниот израз, како и создавање архитектонски елементи преку кои ќе се популаризира и ќе се подобрат условите за урбан велосипедизам. Дизајнерското решение на Елена Петровска, насловено „Закачи се“, е прогласено за најдобро и ќе биде основа за изработка и поставување вело-паркинзи на неколку локации во Скопје. Конески и Тренчевски се пласираа на втората и на третата позиција.
– Изборот на дизајн на вело-паркинзи е дел од нашата долгорочна стратегија за поддршка и развој на урбаните активности, меѓу кои, секако, сè повеќе се вбројува и превозот со велосипед. Популарниот „точак“ е извонредна алатка за спортување, за одржување на физичката кондиција, но во исто време, тоа е и исклучително средство за транспорт од кое сите имаме низа бенефиции кои се движат од здравствени преку економски до еколошки – велат од „Пелистерка“.
Интересот за конкурсот беше извонреден. До компанијата пристигнаа речиси 50 засебни идејни решенија изработени од индивидуалци, но и од тимови на креативци, а сите заедно прикажаа силна приврзаност кон велосипедите како неизбежен сегмент од урбаното живеење. Јавноста го поддржа изборот со над 8.500 интеракции и над 260.000 прегледи на социјалните мрежи што имаше улога врз конечното рангирање на најдобрите креации. Финалната селекција ја направи тим од претставници од „Пелистерка“, стручњаци од областа (архитект и изведувач), како и членови на неформалната група „На точак“ и граѓанската организација „Еко-свест“.
Предводниците на критичните велосипедски маси, кои низ Скопје се одржуваат секоја последна среда во месецот, велат дека акциите, како оваа на „Пелистерка“, се особено добредојдени, за пред сè, да ги охрабрат граѓаните да почнат да го користат велосипедот како превозно средство. Од центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, пак, истакнуваатдекапоголем број паркинзи придонесуваат кон полесно возење на градскиот велосипед.Оваа акција на компанијата имаше за цел поттикнување на креативниот израз, како и создавање архитектонски елементи преку кои ќе се популаризира и ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: