За денешното појавување на Катица Јанева во Собранието на Република Македонија, извештајот на Специјалното јавно обвинителство, но и интервјуто на јавниот сервис што ги „запали“ социјалните мрежи, гостин во вестите на ТВ Нова беше аналитичарот Тодор Пендаров.Како што посочи Пендаров, ако Јанева смета дека собранието е нелегитимно и таа е нелегитимна.
-Јанева е правник и знае да зборува во финеси, таа прави разлика во легалност и легитимност, но мислам дека уште пред шест месеци кога требаше да дојде во Собранието и одби, направи системска грешка. Ако Собранието е нелегитимно и нелегално, тогаш и таа е нелегална и нелегитимна, зашто е избрана од оваа институција. Не можете да бидете официјален, а да сте избрани од нелегален орган, критичен е Пендаров.
Тој додаде и дека не можете да се сомневате во изборни нерегуларности, врз основа на бомбите, односно Јанева не може да создава таков став врз основа на индиции, што не доликува на еден јавен обвинител.
Пендаров го искритикува сето она што денеска се случуваше во парламентот сметајќи дека е далеку од суштината на парламентаризмот кон која што се стремат демократските земји.
-Да се загубат три часа без да започне суштинската расправа е злоупотреба го правото на процедуралност“, критичен е Пендаров.
Во врска со медиумската „прашина“ што ја крена извештајот Пендаров смета дека важно е да се расправа за суштината на извештајот, а не за платите на специјалните обвинители.
-Јанева не ги постави тие плати, истите се по закон. Да бидеме реални, во однос на парите мислам дека тука има повеќе политика отколку реалност, на крајот на краиштата за тоа како Јанева ги троши државните пари одговорен е државниот завод за ревизија, тој треба да каже дали Јанева трошела незаконски, се друго е политика. Поважно е да се расправа за суштината на извештајот. На пример, уште една контрадикција. Кога се создаваше СЈО имаше „тепачка“ колку обвинители се потребни. Сега Јанева вели дека бројот не е доволен, а покрај тоа немало услови за работа, истакна Пендаров.
Аналитичарот посочи дека најголема грешка на опозицијата е тоа што изборите ги врза со СЈО.
-Изборите ги врзавме со СЈО и Катица Јанева. Очекуваме да видиме што ќе се случи, за да знаеме дали ќе гласаме за овој или за оној и тоа е грешка на опозицијата. Тие бараа оставки од Владата, а кога не ги добија преминаа на правна разрешница, така се вртиме во круг, се случуваат поважни работи за кои не се зборува, вели Пендаров.
Тој говореше и за скандалозното интервју во кое се појави Јанева.
-Ги гледав двете интервјуа – измонтираното и сировиот материјал што протече по порталите. Интервјуто беше бледо. До сега немало интервју со јавен обвинител. Треба да бидете добро подготвени, на тоа интервју новинарот требаше да „растури“. Јанева беше бледа, дали е тоа од трема? Сепак тука е крив кабинетот, треба да се подготви човекот да ги сведе слабостите на минимум. Таа беше бледа од начинот на седење, до гледањето во папката. Новинарот исто треба да е добро подготвен. Колешката е од куќа во која сум работел 25 години и сум ги поминал сите можни скалила. За она што потоа се случи со сировиот материјал, сметам дека тука се покажува бедата на македонскиот медиумски простор и на новинарите, односно на партизацијата во медиумите. Треба да се почитуваат стандардите. Сировиот материјал не смее да се дава на друг медиум, истакна Пендаров.Како што посочи Пендаров, ако Јанева смета дека собранието е нелегитимно и таа е нелегитимна.
-Јанева е правник и знае да зборува во финеси