Пендаровски повторно ги лаже луѓето: Тврди дека СДСМ води според анкетите, исто како што велеше во 2014 година кога доживеа силен пораз!

Поразениот претседателски кандидат и актуелен носител на опозициската листа во ИЕ 1 Стево Пендаровски повторно е во акција да го залажува партиското членство дека „опозицијата водела на сите анкети“ во пресрет на изборите закажани за 10 дена. Она што е интересно е фактот дека Пендаровски веќе вторпат го лаже членството со истите зборови.Пендаровски при средбата со жители на скопски Капиштец излезе со потценувачка изјава пред се за поддржувачите на СДСМ, тврдејќи дека опозицијата водела на сите анкети и дека била блиску до совојување на дури 50 мандати. Во ваквата халуциногена изјава на Пендаровски, во која најверојатно не верува ниту самиот тој, не веруваат ниту симпатизерите на СДСМ, ниту пак било кој друг кој има контакт со реалноста.
-Најновите бројки се стопроцентно точни. Последните анкети покажуваат дека опозицијата предводена од СДСМ е многу блиску до 50 мандати. Во првата изборна единица си поставивме цел над 100.000 гласови и во овој момент сме над 90.000 гласови. Ние одиме со двоцифрена бројка на мандати, а тоа ги отвора портите за победа во целата земја, рече Пендаровски вечерва.
И да му беше ова прва ваква изјава на Пендаровски, можеби и некој ќе му поверуваше. Но ако се вратиме само две години наназад, ќе видиме дека Пендаровски истото ова, со истите зборови го тврдеше и во кампањата во 2014-та година, кога и тој и СДСМ доживеаја катастрофален пораз.
-Во овој момент опозицијата води на сите анкети, победата се ближи, изјави Пендаровски на 7- ми април 2014-та, за потоа да доживее катастрофален пораз од Ѓорге Иванов со 140.000 гласови разлика, а СДСМ со 200 илјади.

Фактите говорат дека Пендаровски срамно го залажува членството, бидејќи СДСМ губи не само на релевантните анкети како онаа на „Брима Галуп“, туку и на своите нарачани анкети како онаа на Телма. Граѓаните силно го демантираа Пендаровски пред две години, исто како што и сега ќе го демантираат и него и целото раководство на СДСМ.
Пендаровски, кој очигледно е во некаква заблуда, најверојатно не е излезен од централната скопска општина за да го види расположениеото на граѓаните и во останатите населени места кои се дел од изборната единица 1, каде тој ги бара гласовите, па останува на граѓаните повторно самите да го демантираат и освестат за неговиот личен, но и катастрофалниот рејтинг на неговата партија.Пендаровски при средбата со жители на скопски Капиштец излезе со потценувачка изјава пред се за поддржувачите на СДСМ, тврдејќи дека опозицијата во

Пронајдете не на следниве мрежи: