Пендаровски со навреди и омраза исто како Црвенковски и ЗаевОд една страна е настапот на актуелниот и кандидат за втор мандат Ѓорге Иванов кој покажува разумност, главно фокусирајќи се на отчетност за сработено и промовирајки ја својата програма и проектите кои произлегуваат од неа пред граѓаните. За разлика од него кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски наместо програма во авоите говори на миринзите главно се фокусира кон напади кон својот противник, има жестоки реакции и покажува гнев и омраза.
Аналитичарите сметаат дека Пендаровски го покажал вистинското лице кое досега го криел, но покажал и дека е човек кој го копира Бранко Црвенковски.
-Тој е човек кој е најлошата варијанта што можеше СДСМ да ја избере, дури и полоша од она што претходно имавме како понуда. Стево Пендаровски има еден момент во којшто го пресликува однесувањето, ликот и делото на Бранко Црвенковски. Не може да го избегне тој момент. Тоа се пречките кои ќе му бидат понатаму, вели во интервјуто за Курир професорката Иванка Додовска.
Во момент за политичка битка за претседателската фукција, се чини дека Пендаровски го покажува вистинското лице, а за тоа говорат нападите и говорите полни со гнев и омраза.
Ваквиот говор на омраза и навреди од страна на Пендаровски не изненадува бидејќи тој ги копира токму луѓе кои го предложија. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, неговата заменичка Радмила Шекеринска, но и менторот Бранко Црвековски во своите јавни настаи на митинзите употребуваат гнев и омраза и критика без аргумент.
Пендаровски е ист како и раководството на СДСМ и успешно го копира нивното однесување.
Спротивно на гневната реторика на Пендаровски и занимавањето со противникот наместо со програмата на митинзите, Иванов не употребил во своите говори ниту една навреда ниту пак се осврнал на својот против кандидат Пендаровски. Негов главен фокус во јавните настапи останаа прашањата од неговата програма како стабилноста, соживотот, напредокот во економијата и отворањето на нови работни места.
Од една страна е настапот на актуелниот и кандидат за втор мандат Ѓорге Иванов кој покажува разумност, главно фокусирајќи се на отчетност за сработ