Весникот „Лос Анџелес Тајмс“во денешниот број тврди дека Пентагон активно се подготвува за напади врз Сирија. Изворите на весникот тврдат дека Белата куѓа побарала „подолга листа во која би имало многу повеќе цели“, отколку во првичниот предлог на Пентагон, во кој имало околу 50 потенцијални цели.
Целта на ваквиот план на Пентагон е да им се нанесат што поголеми штети на силите на сирискиот претседател Башар ел Асад, додава весникот.
Според „Лос Анџелес Тајмс“, со планот се предвидува во нападите да бидат вклучени авиони-бомбардери и пет бродови-разурнувачи, кои ќе патролираат во источниот дел на Медитеранот и од кои би биле истрелувани крстосовачки ракети. Овие бродови би се наоѓале вон дометот на сириските сили.
По потреба, во нападите би можела да се вклучи и офанзивната група на носачот на авиони „Нимиц“, во чиј состав влегуваат и еден крстосувач и три разурнувачи. Оваа група се наоѓа во Црвеното Море и од неа би можеле да бидат истралени крстосувачки ракети кон цели во Сирија, нагласува „Лос Анџелес Тајмс“.Изворите на весникот тврдат дека Белата куѓа побарала „подолга листа во која би имало многу повеќе цели“, отколку во првичниот предлог