Двегодишно девојче му го спасило животот на еден пензионер (73) кога се враќал од прослава од местото Митердорф им Мурцтал, во австриската покраина Штајерск. Имено, пензионерот паднал во канал кој бил длабок 5 метри и бил спасен благодарение на тоа девојче.Според Kronen Zeitung, пензионерот во понеделникот околу 1 часот по полноќ се слизнал и паднал во речен канал, кој е длабок 5 метри. Старецот останал да лежи во каналот.
Откако неколку пати безуспешно се обидел да излезе од каналот, пензионерот почнал да вика и да бара помош.
За среќа, неговите повици за помош ги слушнало едно двегодишно девојче, кое заедно со родителите живее во една куќа во близина. Имено, неговиот глас го разбудило детето, кое веднаш почнало да плаче.
Мајката на девојчето, која веднаш дотрчала во собата за да си ја смири ќеркичката, ги слушнала неговите викања.
Жената во истиот момент го разбудила сопругот и двајцата веднаш тргнале во потрага по несреќниот човек. Тие го пронашле и веднаш повикале брза помош и пожарникари. Скоро бил смрзнат кога го пронашле.
„Пензионерот веројатно ќе починел од смрзнување да не беше пронајден на време. Девојчето навистина е негов ангел чувар“ – изјавил Максимилијан Улрих од полициската дирекција на покраината Штајерск.Според Kronen Zeitung, пензионерот во понеделникот околу 1 часот по полноќ се слизнал и паднал во речен канал, кој е длабок 5 метри. Старецот остан



