Претседателот на Македонското собрание Трајко Вељановски одржа средба со членови на здружението на пензионери„Ѓорче Петров“.Пензионерите беа најзаинтересирани за моменталната политичка ситуација во нашата земја и од првиот од еднаквите во Македонското Собание побараа да одговори на прашањата колку сегашната политичка ситуација може да влијае и да се рефлектира во пензионерското секојдневие.
Претседателот Вељановски одговори дека ниедна криза па ни политичката не може да нема последици во развојот на една земја. „ Секако дека со брзо разрешување на сегашната криза, а тоа ќе биде наскоро на изборите во јуни работите ќе се вратат во нормален тек.
Владејачката партија ВМРО ДПМНЕ секогаш во својата програма ги опфаќа и пензионерите настојувај ќи да им го олесни секојдневието со многу бенефиции кои и денес ги уживаат ова катеорија на граѓани.
-Впрочем и ние еден ден ќе бидеме пензионери и секој позитивен однос на оние кои тогаш ќе бидат одговорните во државата ќе ни биде добредојден. Знаеме дека пензионерите го заслужуваат тоа што оваа Влада и ние како законодавен дом со своите одлуки им го овозможуваме. Но секогаш кога треба да донесеме некоја одлука, а е поврзана со пензионерите најпрвин ве консултираме вас и бараме ваше мислење свесни дека го имаат предходно добро анализирано секој предлог па потоа го ставаат на маса, рече Вељановски.
-Оваа Влада на Р. Македонија перманентно, а согласно законот, секоја година ги покачува пензиите. Тоа ќе го правиме и во иднина, одговори Вељановски.
На средбата присуствуваа и пратеници од општината Ѓорче Шетров во Републичкото собрание, градоначалникот на општината Сокол Митровски и председателот на Советот на општината Гоце Петревски. Средбата ја водеше председателот на Здружението на пензионери „ Ѓорче Петров“ Методија Новковски.Пензионерите беа најзаинтересирани за моменталната политичка ситуација во нашата земја и од првиот од еднаквите во Македонското Собание побараа да