Пензионерите во Македонска Каменица добиваат бесплатен јавен превоз

Македонска Каменица воведува бесплатен јавен превоз за пензионерите и лицата кои живеат во социјален ризик во селските средини. Јавниот повик до жителите од селските средини кои сакаат да го користат бесплатниот превоз е објавен денеска, изјави градоначалникот Дарко Митевски.- Јавниот повик е објавен и јас ги повикувам жителите на сите селски средни да дојдат до Општината да поднесат барање за да добијат потврда за бесплатен превоз кој ќе биде обезбеден од страна на Општина Македонска Каменица, за сите кои живеат во селските средини и за еден ден во неделата. Повикот е отворен до 20 јануари, потенцираше Митевски.
Тој додаде дека жителите на селата Моштица, Саса 1 и Саса 2, Луковица, Косевица, Костин Дол, Цера 1 и Цера 2, Дулица и Тодоровци, може да користат басплатен јавен превоз еден ден во неделата. Повикот се однесува на пензионери, лица корисници на социјална парична помош, лица корисници на постојана парична помош, хендикепирани лица, а заинтересираните лица треба да достават: Барање, фотокопија од лична карта, чек од последната исплатена пензија, решение за користење на социјална или постојана парична помош, соодветна медицинска документација.
– Ние сме прва општина по Скопје што организира бесплатен јавен превоз за пензионерите еден ден во неделата. Знаеме дека пензионерите и другите категории граѓани имаат потреба да доаѓаат во градот за лекарски прегледи, намирници, лекови и слично. Имавме селски средини од каде немавме организираи јавен превоз, а со овој проект создаваме услови во сите села согласно со потребите на жителите, истакна Митевски.
За реализација на бесплатниот превоз, Општината набави две нови возила кои ќе бидат ставени во функција на сите граѓани.
– Ние претходната година организиравме јавна набавка и обезбедивме две возила кои ќе ги ставиме во функција на сите граѓани на Македонска Каменица и на спортските клубови, училиштата, на Здружението на пензионерите, практично, на сите кои имаат потреба од организиран превоз, рече Митевски.
Бесплатниот јавен превоз ќе започне од 03.02.2017 година и ќе се врши еден ден во неделата – во петок, кога е и пазарен ден во Македонска Каменица. Локацијата, времето на поаѓање и на враќање за секое населено место ќе бидат дополнително утврдени во зависност од бројот на пријавените кандидати.- Јавниот повик е објавен и јас ги повикувам жителите на сите селски средни да дојдат до Општината да поднесат барање за да добијат потврда за бесп

Пронајдете не на следниве мрежи: