Откако Државната изборна комисија одлучи да го тргне ветото од одржување на аукцијата за државни хартии од вредност, чие не одржување можеше да предизвика ликвидносен проблем и да дојде до доцнење на пензиите, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави дека пензиите ќе се исплатат во петок и дека ќе се продолжи со нивната редовна исплата и во иднина, пишува Лидер.-Пензионерите можат да бидат мирни и спокојни како и досега. Девет години како што исплаќавме редовно пензии ќе продолжиме и понатаму, и сега овој петок пензионерите ќе си ја добијат заслужената пензија, истакна Ставрески.
Пензионерите задоволни што пензиите ќе стигнат навреме.
-Последниве девет години пензијата секогаш стигаше навреме на почеток на месецот. Така и треба да продолжи. Овие пари се наша егзистенција. Сега оди Св.Никола, оди Нова Година, и ние да се порадуваме, вели Ацо Илиевски, пензионер од Скопје.
-Не чини тоа што го правеше опозициската партија. И порано не биле фер кон нас. Тие пензијата ни ја намалија, и тоа на два пати и во 1993 и во 2003 година. Пензијата ни ја исплаќаа со месец задоцнување, вели Васка Дамевска, пензионерка.
Вчера Државната изборна комисија го одби ветото на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов кое го стави на аукцијата за државни хартии од вредност. Образложението на Државната изборна комисија е дека одржувањето на истата не влијаеа на изборниот процес како и дека била предвидена и изгласана во Буџетот за 2015 година. Министерството за финансии посочи дека доколку не се одржи аукцијата ќе настане ликвидносен проблем, бидејќи станува збор за планирани финансии во буџетот што може да го наруши процесот на сервисирање на обврските од буџетот.
Што сакаше да постигне СДСМ?
Исплатата на платите, пензиите, социјалната помош, реализацијата на капиталните инвестиции беше доведена во прашање откако дополнителниот заменик – министер, Кире Наумов од редовите на СДСМ, донесе одлука да стави вето на аукцијата на државните хартии од вредност. Според СДСМ, ваквата одлука имала за цел да оневозможи изборна корупција.
Вицепремиерот Ставрески веднаш ја предупреди јавноста дека се работи за кршење на законот, бидејќи издавањето на државните хартии од вредност е предвидено со буџетот за 2015 година, изгласан од Собранието и претставува нормална практика.
-Се работи за вообичаен начин на работа и редовно финансирање на буџетот кое што има за цел да го покрие временскиот јаз меѓу приливот на средствата во буџетот и расходите на средства, кои се најголеми на почетокот на месецот кога се исплаќаат плати, пензии, социјални надоместоци, поврат на ДДВ и слично, додека приходите доаѓаат подоцна во месецот кога фирмите имаат законска обврска на 15 и 25 во месецот да ги уплатат даноците, објасни Ставрески.
Уште еден аргумент во однос на тврдењето дека не се работи за ново задолжување, туку за обично рефинансирање, е фактот што неделава е предвидена продажба на државни записи во вредност од 100 милиони евра, а потоа доспеваат за исплата стари записи во вредност од 84,6 милиони евра.
Да биде иронијата поголема, и СДСМ во својот мандат го практикуваше ваквиот начинна работа.
-Кога тие го правеа истото, тоа беше нормален начин на финансирање, кога тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, се обвинува за неодговорност. Впрочем, на овој начин се финансира на пример и германската Влада, тоа се прави во сите земји во Европа, објаснува Ставрески.
Финансиските експерти велат дека ваквите одлуки се опасни и поразителни за економијата, а со најавеното вето, СДСМ оди конта секоја финансиска и буџетска логика. Фактот што сегашните опозиционери го правеле истото додека биле на власт, што е нормален начин на финансирање во повеќе земји, а сега го оспоруваат, покажува дека станува збор за бркање на политички поени и политичка неодговорност.
Податоците на Евростат – доказ за добрите финансиски политики
Европската служба за статистика пресмета дека нашата земја е четврта најмалку задолжена земја во Европа и со тоа практично стави крај на сите шпекулации и обвинувањата од страна на опозицијата дека на Македонија и се пишува грчко сценарио, дека е презадолжена и на работ на банкрот.
Според податоците на Евростат, Македонија со државен долг од 36% од БДП во третиот квартал е четврта најмалку задолжена во Европа. Пред нас се само Естонија, Луксембург и Бугарија, а ние, четвртото место го делиме со Латвија. Нискиот долг Македонија успеа да го одржи во услови на глобална економска и должничка криза, но и во време на капитални инвестиции во инфраструктурата.
Европската статистика го демантираше СДСМ дека власта се однесува расипнички, што беше главниот аргумент за ветото на Наумов кое ги доведе во прашање исплатите од буџетот и се закануваше да ги поремети финансиските текови.-Пензионерите можат да бидат мирни и спокојни како и досега. Девет години како што исплаќавме редовно пензии ќе продолжиме и понатаму, и сега овој