Веќе пензионираниот шеф на кинеската служба за безбедност Џоу Јонгканг (71) е на мета на огромна антикорупциска акција, заедно со 300 негови роднини и соработници.Им бил запленет имот од 14,5 милијарди долари и се верува дека тоа е најголемата финансиска афера во последните 60 години во Кина. Запленети се 300 вили и апартмани, антиквитети и сликарски дела, над 60 возила, скапи алкохолни пијалаци, злато, сребро и странски и домашни валути.
Во акцијата делумно се работи и за политичка одмазда бидејќи Џоу се противеше на смената на некогаш високо рангираниот политичар Бо Силај кој во септември е осуден на доживотен затвор поради корупција и злоупотреба на службената положба.
Кинеската Влада не објави за што точно се обвинети осомничените, но е кажано оти истрагата се води во врска со кршење на партиската дисциплина, што инаку е официјален жаргон за корупција.Им бил запленет имот од 14,5 милијарди долари и се верува дека тоа е најголемата финансиска афера во последните 60 години во Кина. Запленети се 300