Перез на тајна вечера со Фалкао: Атлетико нема да прави проблеми

Се чини дека Радамел Фалкао стана вистинска опсесија на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Одличниот напаѓач на екипата на Атлетико Мадрид би требало да биде главниот адут во изборот за претседател на Реал Мадрид. На неодамнешната гала церемонија во Цирих Фалкао цело време се дружел со делегацијата на Реал. Често може да се види како е во комуникација со Кристиано Роналдо и Флорентино Перез. Напаќачот на екипата на Атлетико Мадрид во Цирих патуваше со својот менаџер Хорхе Мендес, токму Мендес е менаџер на неколку играчи на Реал, а меѓу нив е Кристиано Роналдо, па и тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.
Шпанските медиуми пренесуваат дека откриле дека Фалкао и Перез имале состанок на таен ручек, кога Мендес бил во Мадрид за да разговара со Перез околу некои теми. Тројката се состанала во престижниот ресторан во средиштето на Мадрид „Ел Парагуас“. Перез сакал лично да слушне од Фалкао дека сака да се пресели во Реал Мадрид, сакал да се увери во зборовите на таткото на Фалкао дека неговиот син од мали нозе навивал за Реал Мадрид. Фалкао пред неколку денови отворено изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид. Не ја споменуваше идната дестинација, но се претпоставува дека неговиот трансфер во Реал е премногу блиску до реализација.
Се чини дека Атлетико Мадрид нема да прави проблеми. Големите градски ривали ги „закопаа воените секири“, до затоплување на односите дојде кон крајот на минатото лето, кога челниците на клубот се нашле на вечера каде ги разрешиле сите проблеми од минатото.
Би можело да се каже дека во моментов Атлетико Мадрид и Реал Мадрид се можеби во добри односи. Понатаму, во тој поглед нема препреки за реализација на трансферот. Јасно е дека понудата од Реал ќе мора да биде сосема доволна за реализација на трансферот или барем нешто поголема од англиските клубови кои „фрлија око на Фалкао“. Но, никогаш ништо не се знае, секогаш е можно Роман Абрамович или шеиците од Манчестер Сити, или можеби Париз, да испратат понуда која не може да се одбие. Со самото тоа, Перез е премногу внимателен и целата работа ја става во тајност.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Се чини дека Радамел Фалкао стана вистинска опсесија на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Одличниот напаѓач на екипата на Атл

Пронајдете не на следниве мрежи: