Перфекционизмот ви штети во иста мера колку и пушењето

Поставувањето на превисоки и нереални цели може сериозно да ве вознемири и да ви предизвика здравствени проблеми. 
Постојаната потреба се да биде совршено, како и огромниот страв од неуспех и понижување се причина не само за многу психички, туку и физички здравствени проблеми.
Околу 20% од луѓето се склони на перфекционизам, а тоа предизвикува проблеми како немирни црева, хронична ненаспаност, срцеви заболувања, па дури и прерана смрт. Научниците велат дека ги има истите ефекти над организмот како лошите навики, како пушење, пиење алкохол и слично.
Д-р Даниел Молнар вели дека на перфекционизмот се гледа благонаклонето, дури и како на предизпозиција во академскиот живот, но многумина забораваат на стресот низ кој поминуваат тежнеејќи кон совршенство.

 
Психолозите разликуваат три најчести видови на перфекционизам:
Себе-ориентиран перфекционизам: Личноста има превисоки очекувања од себе.
Перфекционизам кон други луѓе: Личноста има преголеми очекувања од другите луѓе.
Друштвено-условуван перфекционизам: Личноста верува како другите од неа очекуваат премногу.
  
Постојаната потреба се да биде совршено, како и огромниот страв од неуспех и понижување се причина не само за многу

Пронајдете не на следниве мрежи: