Перверзен хороскоп: Овенот сака садо-мазо, Водолиите групен секс, додека Девиците – врзување…

Во секој од нас се крие голема желба и страст за нешто ново, но што е со фантазиите кои ги имаме? Порано или подоцна тие излегуваат на површината и можеби тогаш имаме храброст да кажеме што всушност посакуваме! Пред да се изненадите од самите себе, пријателите или партнерот, откријте ги на време сите фетиши и скриени желби на хороскопските знаци.Овен
Страствен знак кој е зависник од адреналин, па во сексот сака садо-мазо игри кои го поттикнуваат лачењето на адреналин. Нив ги пали секоја акција која покрај секс вклучува и опасност, па сакаат секс на чудни локации и места на кои нема никаква интимност. Сакаат да се борат во креветот, да влечат за коса, да удираат по задник, да гризат.
Бик
Бикот е најголемиот хедонист во Зодијакот, па сака сексот да го меша со храна. Пред самиот чин сака да консумира афродизијаци како што се чоколадото, виното, бадемите, лешниците… ги обожаваат долгите бакнежи и секако, орален секс во сите облици. Исто така сакаат да се мачкаат со шлаг и да ги стимулираат чувствителните делови од телото со мраз.
Близнаци
Близнаците се палат на нови идеи и експериментирање. Не ги држи едно место, ниту еден партнер. Сакаат да ги испробаат сите можни пози и локации, а не се срамат и да вклучат по некој вибратор или пар лисици. Ги возбудува самата помисла на тројка или секој вид на групен секс.

Рак
Кај раковите сексот е тесно поврзан со емоциите, па уживаат во долгата предигра, бакнежите и допирите, но далеку од тоа дека не сакаат жешка акција. Од сексуалните фантазии би ја пробале играта на улоги и постојаното менување на секси долна облека. Ако најдат компатибилен партнер, подготвени се да се жртвуваат и да ги исполнат неговите желби, без разлика дали се поклопуваат со личните.
Лав
Лавовите се горделиви во сè, па така и во сексот сакаат да се покажат пред другите. Затоа ги возбудуваат идеите за секс на отворено, како на пример парк или плажа. Егзибиционисти се, уживаат во стриптизот и во активностите каде телото на спротивниот пол е целосно откриено. Сепак, целото тоа сексуално покажување сакаат да го зачинат со емоции.
Девица
Девиците се тешки за да им се вовлечеш во креветот. До нивната спална соба се доаѓа преку милион тестови, само кога ќе стекне целосна доверба. Но, еднаш кога ќе влезете во нејзиниот интимен свет, Девицата ќе ви ги покаже сите перверзии. Во главно, тие се вртат околу врзување и ослободување. Сакаат да доминираат, па често користат лисици и марами за врзување на партнерот.

Вага
Вагите се разиграни, сензуални и се палат на работите кои изгледаат убаво. Идејата за убавина ги возбудува до таа мера што се подготвени да ја изневерат саканата личност. Сакаат валкани разговори, но само ако се креативни. Обожаваат играње на улоги, а дел од телото кој најмногу ги возбудува е задникот. Често пати сензуалноста ја заменуваат со грубост, удирање и гризење.
Скорпија
Припадниците на овој знак имаат силна желба за секс, па често пати се навлекуваат на оваа активност и не сакаат да си го замислат животот без неа. Скорпиите се способни за секакви трансформации и се подготвени да пробаат буквално сè. Сакаат доминација во сите облици. Не сакаат многу да зборуваат за својот сексуален живот во јавноста, но затоа кога се сами со партнерот можат лесно да му ги превртат очите.
Стрелец
Стрелецот е најенергичниот знак во Зодијакот и е вистински авантурист. Нема одредени фантазии кои посебно го палат, туку го возбудува секое сексуално изненадување. Со задоволство ќе проба секс на отворено, на некој пат или плажа, но тоа не смее да биде само физички контакт, туку целосна авантура. Сакаат валкани разговори, обожаваат да истражуваат, но не и да чекаат. Тогаш може да станат драматични.

Јарец
Јарците на прв поглед делуваат ладно, но во креветот знаат да бидат жешки. Сакаат да истражуваат, но не за да пробаат сè, туку за да го најдат она што најмногу им одговара. Имаат само една омилена поза, играчка, перверзија и улога која им носи посебно задоволство, другите се само за забава. Сакаат доминација, но сакаат исклучиво тие да доминираат.
Водолија
Ова е најпрогресивниот знак во Зодијакот. Сакаат да ги пробаат сите новитети, па без проблем ќе се согласат на сајбер секс или секс преку пораки. Склони се кон сите видови на перверзии, па другите знаци често пати ги сметаат за промискуитетни. Слободни се и во сексот не се претерано емотивни. Нивна најголема фантазија е да ја испробаат цела камасутра и тоа неколку пати.
Риби
Емотивни се, но лесно потпаѓаат под туѓо влијание, па лесно се согласуваат на сите идеи на партнерот. Со задоволство ги прифаќаат туѓите фетиши, па затоа Рибите се совршен партнер за оние кои сакаат да експериментираат. Стапалата се нивната главна ерогена зона, па ги палат сите фетиши поврзани со нозете. Често фантазираат, сакаат да се снимаат и да гледаат секс, понекогаш дури и во живо.Овен
Страствен знак кој е зависник од адреналин, па во сексот сака садо-мазо игри кои го поттикнуваат лачењето на адренали

Пронајдете не на следниве мрежи: