Најибах е во седмиот месец од бременоста. Веќе 3 дена има силни болки, а лекарите не воочуваат движење на бебето во стомакот.Бегалската криза и понатаму продолжува. Бегалците доаѓаат со приказни за тешкотиите со кои се соочуваат по пат.
– Очекувавме дека многу подобро ќе поминеме – вели Амер, Сириец од Дамаск.
Додека чекале на границата било страшно. Голема жештина, без храна и вода. Трудницата се онесвестила, а никаде немало Брза помош.
Друг мигрант пак кажува за кражба по патот и тепање. Сепак, тие упорно продолжуваат да пешачат.
Еден Сириец раскажува за драмата која ја преживеал за време на патувањето.
– Јас сум навистина изморен, ова стана неподносливо – вели тој.
Мухамед, кој излегол од Сирија со сопругата и две мали деца, очаен е поради се.
– Ние сакаме оваа војна да се запре. Ние сакаме да ги соединиме нациите, и да запре се ова – вели тој.
Полицијата секојдневно проверува како се луѓето.
– Многу од нив се исцрпени и на работ на снагата – велат полицајците.
Секако најпотресен е случајот на Најибах, Ирачанка од Киркук која веќе 8 дена пешачи на пат за Унгарија.
Најибах е во седмиот месец од бременоста. Веќе 3 дена има силни болки.
Ја однеле во болница, но вестите не се добри. Лекарите не воочуваат движење на бебето во стомакот…Бегалската криза и понатаму продолжува. Бегалците доаѓаат со приказни за тешкотиите со кои се соочуваат по пат.
– Очекувавме дека многу под



