Пешевски и Гражданлиев на средба со жители на Моноспитово

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски и кандидатот за пратеник од Изборна единица 4, Тони Гражданлиев, остварија средба со жителите на Моноспитово од општина Босилово.Пешевски истакна дека овие избори се различни од сите претходно и пресудни за Република Македонија, за Босилово и за сите жители од струмичкиот регион.
Резултатите од овие избори ќе ја дефинираат иднината на Македонија за наредните 20 години.
ВМРО-ДПМНЕ со проектите во програмата „Реално” планира поддршка на сите категории граѓани: на земјоделците, на невработените, на пензионерите и вработените во администрацијата, на социјалните случаи, на учениците и студентите.

Со програмата ќе се продолжи со изградба на патната и комуналната инфраструктура, железницата и гасификацијата на земјата.
Пешевски истакна дека особен фокус ВМРО-ДПМНЕ става на поддршката за земјоделците, за кои за субвенции во наредните 4 години се испланирани 600 милиони евра, а за секој земјоделец со цел поголеми приноси ќе се обезбедат земјоделски советници.
Тој дополни дека ќе се издвојат над 140 милиони евра за подобрување на системите за наводнување со што приносите на земјоделците ќе се зголемат и за над 100%.

Воедно во програмата “Реално”, за развој на руралните подрачја и задржување на младите во нивните места на живеење направен е проектот Рурални зони, со кој за отворање на компании во места дефинирани како рурални подрачја, кои ги има околу 1600 ќе се дава поддршка како во ниеден друг проект. Со овој проект ќе се субвенционираат нови вработувања со грантови од 2000 и 4000 евра, директна поддршка до 500.000 евра или 20% од инвестицијата ќе се поддржи изградбата на нови објекти и набавка на машини, ќе има даночни и царински олеснувања, а ќе се помогне и за изградба на пристапна инфраструктура до објектот, потенцира Пешевски.

За добивање на повисоки цени на земјоделските производи, планирана е изградба на Агро Берзата, којашто е планирана како голем пазар на кој, за да не се злоупотребуваат од поголемите откупувачи, земјоделците ќе може да ги складираат своите производи и да ги продаваат кога тие ќе сметаат дека ја достигнале вистинската цена, продолжи Пешевски во своето обраќање.
Ова се само дел од реалните проекти, од програмата „Реално“, во кои сите граѓани ќе се пронајдат и ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и 63 пратеници на изборите, заврши Пешевски.Пешевски истакна дека овие избори се различни од сите претходно и пресудни за Република Македонија, за Босилово и за сите жители од струмичкиот рег

Пронајдете не на следниве мрежи: