Пешевски: IBM втора година по ред ја рангира Македонија на прво место

Извештајот на Институтот IBM, втора година по ред ја рангира Македонија на прво место по бројот на работни места од странски директни инвестиции и тоа е показател дека се водат правилни политики во делот на привлекување на странски директни инвестиции, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во гостувањето на вестите на Сител.-Првиот пат резултатите од извештајот дојдоа како изненадување, изненадувањето беше по однос на високото рангирање. Разликата помеѓу нас и втората држава лани беше беше повеќе од два пати. Оваа година се повторува истата динамика, бројката е околу 2250 отворени нови работни места на милион жители. Ние повеќе пати имаме кажано дека стратегијата е повеќе фазна и повеќе годишна. Прво сакаме да го намалиме бројот на невработени во Македонија. Отворањето на нови работни места ни е прв императив и потоа постепено работиме на тоа да се направат локални лацни на снабдување, со цел локалните компании да даваат свои производи и услуги на странските компании бидејќи така се креира и богатство помеѓу нашето населените, вели Пешевски.
Податокот од 2014 година, вели дека во странските компании имало 6.200 вработени , а во овој момент има над 16.000.
Лани се најавија 30 инвестиции а оваа година до сега 17 компании најавија инвестиции, а проекциите компаниите покажуваат дека овие 16.000 ќе се зголемат на 30.000 луѓе.-Првиот пат резултатите од извештајот дојдоа како изненадување, изненадувањето беше по однос на високото рангирање. Разликата помеѓу нас и втората

Пронајдете не на следниве мрежи: