Пешевски: Конкурентноста на компаниите зависи од стандардите

Македонија досега има усвоено над 27.000 стандарди и стандардизациски документи со чија примена македонските компании, особено оние кои се посветени на меѓународната трговија, стануваат поконкурентни како на домашните, така и на меѓународните пазари.Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на отворањето на 12. Годишно собрание на Европското тело за стандардизација и Европското тело за електротехничка стандардизација, чиј домаќин од вчера е Македонија.
На овогодинешното собрание  што ќе трае и денеска и утре присуствуваат над 250 претставници од 70 држави.  Истовремено се одржува и Саем за индустрија и образование, на кој претставниците од странство ќе имаат можност да се запознаат со стандардиите кои ги применуваат македонските компании и високо образовните институции.
Со примената на стандардите, како што потенцира Пешевски, се добива на производи со повисок степен на додадена вредност кои придонесуваат за зголемување на извозот, а со тоа и на економскиот раст на земјата.
Според Пешевски, Република Македонија со организацијата на овој настан докажува дека е рамноправен член со останатите земји членки на европските тела за стандардизација и докажува оти земјата и во оваа област останува посветена на својот пат кон рамноправно членство во Европската Унија.
Како што истакна директорот на Институтот за стандардизација на РМ Љупчо Давчев, Македонија е полноправен член на европските тела,  со уште 28 земји членки на ЕУ, три земји членки на ЕФТА и Турција. Направени се навистина големи чекори кога е во прашање донесувањето стандарди и стандардизациски документи, посочи Давчев.Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на отворањето на 12. Годишно собрание на Европското тело за стандардизација и Е

Пронајдете не на следниве мрежи: