Поплавените подрачја во скопско многу наскоро ќе бидат вратени во нормална состојба, информираше вицепремиерот Владимир Пешевски на вестите во Сител.Операциите кои се извршени на терен се едни од најкомплексните кризни операции од природни катастрофи кои се реализирани на терен, вели Пешевски.
-Не случајно и експертите посочија дека по земјотресот во Скопје од 1963 година ова е најсериозната кризна состојба која се случила на територијата на Македонија. Беше потребно да бидат вклучени и сите државни органи, затоа што првичната проценка на терен се увиде дека институциите кои се задолжени за справување со кризи, нема да бидат во состојба самостојно да се справат со кризата. ДЗС како и Центарот за управување со кризи си ја вршат својата работа максимално професионално, но понекогаш се случуваат појави кои бараат многу поголемо мобилизирање на ресурси и од тие причини беа ангажирани повеќе лица и институции, беа поделени региони и подрегиони кои ги координираа активностите, вели Пешевски.
Веќе денеска, вели тој, може да се констатира дека основните работи се ставени во функција.
-Македонија се покажа одлично и покрај сите критики кои доаѓаат од оние кои што можеби се обидуваат да добијат некои политички поени во оваа ситуација, и тие се неосновани. Ние го одбравме пристапот наместо да се занимаваме со критики на Фејсбук или на други социјални мрежи, да бидеме деноноќно на терен и мислам дека тоа го даде резултатите. Очекувам во следните неколку денови да дојде до целосно нормализирање на животот, вели Пешевски.
Владата донесе пакет мерки, од кои најзначајната меѓу нив е 100% обесштетување на настанатата штета.
-Ние очекуваме до крајот на утрешниот ден преоценките на возилата и недвижниот имот, да бидат завршени. Станува збор за околу 5.000 домови. А поради тоа што некои од земјоделските површини се сѐ уште поплавени, но голем дел се проценети, очекувам следната недела да се почне со иницијални исплати, вели Пешевски.Операциите кои се извршени на терен се едни од најкомплексните кризни операции од природни катастрофи кои се реализирани на терен, вели Пешевски.