Ние за време на кризата преку „Европската Инвестициона Банка“ донесовме преку 350 милиони евра на домашните компании да им ги даваме под поволни кредит услови 5,5%, тоа ги принуди и комерцијалните банки да ги спуштат каматите, рече Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања, во гостувањето во Дневникот на Сител.Пешевски зборуваше за поволната бизнис клима која оваа Влада ја креираше во изминатиов период.
-Ние сме единствена држава во светот со едноцифрена ефективна даночна стапка од 7,4 %. Неслучајно Македонија е 6 рангирана во Европа од страна на Светската банка за водење на бизнис, што резултира со голем број на инвестиции, особено гринфилд инвестиции, рече Пешевски.
Дополнително Пешевски посочи дека нивото на домашни инвестиции во последните 7 години е повеќе од двојно зголемено.
Како пример за ”мека” за домашните инвестиции ја посочува Општина Илинден, во која во изминативе 6 години се отворени над 150 погони од домашни инвеститори.
Пешевски потенцира дека Македонија е единствена држава во светот во изминативе години која успеала да ја намали невработеноста за 10-11% во услови на две светски економски кризи. И истиот очекува стапката на невработеност и понатаму да продолжи да паѓа.Пешевски зборуваше за поволната бизнис клима која оваа Влада ја креираше во изминатиов период.
-Ние сме единствена држава во светот со едно