Пешевски: Платформата е реакција на понудите на СДСМ

Платформата е реакција на ДУИ и на албанските партии на понудата што ја даваше СДСМ во предизборието кон албанските гласачи, вели Пешевски во вчерашното гостување во емисија на ТВ Шења. -Албанските партии се почувствуваа загрозени, дека го губат тлото под нозете, а тоа не е автентично делување на Албанците во Македонија, ниту е автентично за СДСМ, тоа е инжинеринг и стратегија подготвена од надвор. Мораше да се дојде, а за цел да се ослабне ВМРО, со ситуација да немаат албанските партии немаат голем број на пратеници во парламентот, туку СДСМ да има голем број на пратеници во парламентот, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски.
Пешевски вели дека за да се постигне таа цел им било сугерирано и помогнато.

-Многу добро знаат гласачите во албанските населени места што гласале за СДСМ, зошто гласале за СДСМ, вели Пешевски.
Според него за граѓаните Македонци, Албанци и сите останати граѓани што се во државата најважно е да се отвараат нови работни места, животниот стандард да расте, извозот да се зголемува, инфраструктурата да се подобрува.
-Тие се тековните прашања кои се реално суштински важни и тој процес се одвиваше многу солидно.  Ние во изминатите десет години сме како економија петта по раст упросечено за сите години во Европа. Секој сака да живее подобро, но зборувам за реални бројки и статистики, вели Пешевски.
-Албанските партии се почувствуваа загрозени, дека го губат тлото под нозете, а тоа не е автентично делување на Албанците во Македонија, ниту е авт

Пронајдете не на следниве мрежи: