Интегрален текст од прес конференција за медиуми, која се одржа денес (24.03.2016), во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, при што се обрати г. Владимир Пешевски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со својата работа, труд и посветеност покажа и докажа како се сака и како треба да се бориме за Македонија. Во ова капитално дело, наречено Отчетно, ова е разликата, кусо се опишани повеќе од 3.500 проекти, кои ги ветивме, осмисливме и реализиравме изминатите години. Идеите за проектите потекнуваат од граѓаните, бизнис и академската заедница, а ние професионални ги моделиравме и изработивме.
Ветувавме онолку колку што мислевме дека можеме објективно да реализираме, а остваривме повеќе од ветеното. Дадениот збор е она што нѐ разликува од другите, поради кое граѓаните ни ја дадоа довербата да ја водиме државата, а со сериозниот пристап и ангажманот ние им се оддолжуваме!
Овој Отчет е само потсетник каде сме биле пред 2,3 или пред 9 години, а каде сме сега, и како индивидуи и како држава. Овој Отчет дава слика што е направено за Државата, за нејзиниот економскиот развој, за отворање нови работни места, за работниците, за компаниите, за земјоделците.
Овој Отчет покажува што сработивме да им го подобриме животот на младите брачни двојки, на најмладите категории, на учениците и на студентите, на социјално ранливите, на пензионерите. Работиме на подобрување на секој сегмент од општественото живеење, за секој граѓанин на Република Македонија, независно каде тој живее. Почитувани, Денес би се задржал на два особено важни аспекти коишто придонесуваат за континуиран економски прогрес на Република Македонија. Би започнал со кус осврт на значајот на странските инвестиции во македонската економија, а потоа ќе зборувам и за поддршката на земјоделството од страна на Владата.
Владата предводена од Никола Груевски особен фокус стави на привлекување на реномирани странски компании да инвестираат во Република Македонија. За таа цел формиран е професионален и успешен тим, создадени се одлични бизнис услови и изградена е соодветна инфраструктура.
Целиот тим, почнувајќи од Претседателот Груевски, вицепремиерот Ставрески, од мене како вицепремиер за економски прашања, министрите за странски инвестиции и другите министри, директорите на агенцијата за странски инвестиции и дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, странските промотори и амбасадорите, работиме посветено и напорно и сме во постојан контакт со потенцијални инвеститори и во потрага по нови;
Странските директни инвестиции носат повеќекратен бенефит за македонската економија Тоа се: директни финансиски средства, остварување на директни вработувања, овозможуваат дополнителни вработувања и профит за домашните компании остварувајќи соработка со нив, трансфер на знаења и производи со додадена вредност кои го зголемуваат извозот на стоки;
Со сегашните проекции од самите инвеститори, вкупни директни вработувања во странските инвестиции во наредните2-3 години ќе достигнат 34.000, што значи подобри услови за живот на 34.000 семејства Важен е и приливот на странски капитал, кој кумулативно од 2006-2015 година изнесува 2,6 милијарди евра или 262 милиони евра годишно, што е за над 2,5 пати повеќе од 108 милиони годишно за периодот од 1993-2005;
Ќе се осврнам сега на другите позитивни аспекти од странските директни инвестиции;
Во периодот 2007-2015 година просечниот годишен извоз од Македонија изнесува 3 милијарди евра и е двојно поголем во однос на просечниот годишен извоз во периодот 2003-2006 година, кога изнесуваше 1,5 милијарди евра, што во голема мера се должи и на порастот на извозот од странските директни инвестиции особено лоцирани во Технолошко-индустриските развојни зони;
Во 2015 година извозот достигна рекордно ниво од 4 милијарди и 51 милиони евра, што е најдобро остварување од осамостојувањето на Република Македонија и е за повеќе од 100% повеќе споредено со 2006 година кога извозот изнесуваше 1 милијарда и 918 милиони евра. Како компонента од целокупниот извоз, извозот од ТИРЗ во 2015 година достигна скоро 1,5 милијарди евра (што претставува раст од 26% споредено со 2014 година и сочинува 36% од вкупниот извоз. Уште позначајно е што постепено се менува структурата на извозот и Македонија сѐ повеќе извезува производи со поголема додадена вредност.
Друга компонента која е особено важна е соработката помеѓу странските и домашните компании. Во оваа соработка над 500 македонски компанија остварија некаков бизнис со странските компании било како добавувачи или извршители на градежни или услужни дејности.
Она што е особено важно и сакаме да го потенцираме е трансферот на знаење кое го продуцираат странските компании, кое ни помага во технолошкиот развој, како и создавањето на производи со поголем степен на дополнителна додадена вредност кои претходно не се произведувале во Република Македонија;
Во целиот процес на привлекување на странски инвестиции, важен е фактот дека при контактите со претставниците на компаниите работиме да ги насочиме се повеќе нивните проекти да ги лоцираат во другите градови во државата, освен во Скопје, со што, особено во последните 2-3 години драстично се подобрува економската слика во повеќе различни градови и региони;
Така сведоци сме дека со влезот на странски компании, комбинирано со другите мерки кои ги спроведуваме за намалување на невработеноста, во некои градови како што се Велес, Штип, Кавадарци, Битола, Кочани, Демир Хисар дојде или фоаѓа до значително намалување на невработеноста Дозволете да направам краток осврт на некои од инвестициите кои што се реализирани во овој период. Во Кавадарци известираше Дрекселмаер, инвестиција од 35 милиони евра до денес 5800 вработувања;
Во Битола Кромберг и Шуберт, инвестиција од 20 милиони евра – моментални 2800 со најава цифрата да достигне до 3500 вработувања;
Штип и Струмица ивстираше Џонсон Контролс, инвестиција од 51 милиони евра – 3300 вработувања;
Во Штип се и Техникал Текстајлс, инвестиција од 15 милиони евра – 130 моментални вработувања со најава до 1000 вработувања. Кондево кој се гради и инвестиција од 40 милиони евра – со најава на 280 вработувања, Во Тетово, Леар корпорејшн се гради погонот – 170 моментални, до 2500 вработувања;
Прилеп: Гентерм, инвестиција од 20 милиони евра – 345 моментални вработувања, до 2000 вработувања;
Акомпласт се гради во моментов, инвестиција од 3 милиони евра – 250 лица;
Кичево: Ки Сејфти Системс, инвестиција од 15 милиони евра – 150 моментални, најавани се до 1000 вработувања;
Струга само во овој град вкупно од овие компании што ќе ги набројам има вкупно најавени 2000 вработувања ОДВ Електрик, се гради, инвестиција од 15 милиони евра – 105 моментални, до 1000 вработувања;
Костал, се гради – до 1000 вработувања;
Велес БРГ ќе се отвори во погоните на Порцеланка, инвестиција од 35 милиони евра – до 1000 вработувања и Маркарт, инвестиција од 35 милиони евра – моментални 200 до 600 вработувања;
Кочани: Антура, инвестиција од 6 милиони евра – моментални 210 до 300 вработувања и Левидиагро – најавени 100 вработувања;
Валандово: Константиновски Плант оф Металурџикал Екипмент (КПМЕ), инвестиција од 25 милиони евра – до 500 вработувања;
Ресен: Епл Ленд, инвестиција од 5 милиони евра – 100 вработувања; Демир Хисар: СТС Текстајлс договорот е во реализација, инвестиција од 4 милиони евра – 150 почетно до 1000 вработувања и Гришко веќе реализирани 100 вработувања;
Скопје останува центарот на странските инвестиции и тука оперираат Ван Хол, инвестиција од 35 милиони евра – 830 моментални и 400 нови вработувања, Џонсон Мети, инвестиција од 130 милиони евра – 650 вработени;
Кемет Електроникс, инвестиција од 30 милиони евра – 250 вработени, планирани до 500; Текнохозе (Витек), инвестиција од 21 милиони евра – 180 вработувања;
Вистеон, инвестиција од 30 милиони евра – 240 вработени;
КапКон аутомотив технолоџис, инвестиција од 15 милиони евра – до 400 вработувања;
Макдиа инвестиција од 10 милиони евра – 200 вработувања;
Делфај се гради, инвестиција од 15 милиони евра – 500 вработувања;
Технопласт, инвестиција од 10 милиони евра – 200 вработувања;
Хај-тек Асембли Центар ќе се гради, инвестиција од 20 милиони евра – 300 вработувања;
Јуроп Шок Абсорберс ќе се гради, инвестиција од 10 милиони евра – 100 вработувања;
Герман Електро Мехатроникс , инвестиција од 10 милиони евра – 200 вработувања;
Има уште многу, но тука ќе запрам со читањето и само ќе потенцирам дека економскиот тим продолжува со својата работа, продолжуваме уште поангажирано и попосветено да работиме за да привлечеме уште пореномирани и светски познати странски компании да дојдат во Македонија, на тој начин дополнително ќе придонесеме за намалување на невработеноста и економски развој на земјата.
А сега би сакал да се осврнам на нешто на кое како влада сме особено горди изминатиот период, а тоа е поддршката која им ја дадовме на земјоделците; Се сеќаваме дека земјоделците претходно беа буквално запоставена група.
За таа цел ќе напомнам делод мерките кои ги спроведуваме за развој на земјоделството и руралниот развој; Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2006-2016 година намени вкупно 1 милијарда и 55 милиони евра за македонските земјоделци.
Започнавме со 20 милиони евра во 2006, во 2010 година наменетите средства за субвенции достигнаа 100 милиони евра, за да во 2015 година сумата наменета за субвенции достигне 140 милиони евра, или 7 пати повеќе средства споредено со 2006 година;
Повисоки субвенции од претходно во континуитет беа обезбедени за најважните земјоделски култури – тутунот, полјоделските култури, лозовите и овошните насади, градинарските култури, производството на млеко, овчарството, говедарството, свињарството и пчеларството.
Истовремено, со дополнителни мерки во овој период се поддржаа градинарите, производителите на ориз, земјоделците кои претрпеа штети од поплави како и поддршка за винариите односно секторите што беа погодени со неповолните временски или пазарни околности;
Со Програмата за рурален развој нашиот земјоделец имаше можност да ја обнови старата механизација, тракторот, шталата или да воведе наводнување капка по капка со дури половина од трошоците покриени од страна на државата.
Во периодот 2008-2015 година од кога се спроведува оваа Програма: понудена е поддршка за инвестициите по принципот „50-50“ и набавени се 2.064 нови трактори, набавени се 7.682 парчиња друга земјоделска механизација, инсталирани се 85 ефикасни системи за наводнување „капка по капка“.
Како резултат од континуираните субвенции и другите политики во корист на земјоделците извозот на земјоделските производи ја помина границата од половина милијарда евра и во 2014 година. Во 2014 година извезени се земјоделски производи во количинa од 626 милиони килограми што е зголемување од 2,74% во однос на 2013 година, а вредноста на извозот и понатаму е над половина милијарда евра.
Во делот на дирекната финансиска поддршка на земјоделците имавме и проект за кредитната линија на Земјоделски кредитен дисконтен фонд, која се имплементира од 2003 година, заклучно со 31.01.2016 година, одобрени се вкупно 6.028 кредити во износ од 77,9 милиони евра.
Поради големиот интерес за користење на оваа кредитната линија, во тек се активности за обезбедување дополнителни поволни средства за земјоделците преку дополнување со средства од меѓународни финансиски институции.
Овозможено е и директно кредитирање на земјоделството и преработувачката индустрија преку Македонската банка за поддршка на развојот. Со зголемување на кредитниот потенцијал и докапитализација од 10,7 милиони евра, МБПР почнувајќи од 2012 година отпочна со директна кредитна поддршка на земјоделството под следните услови: максимален износ на кредитот до 300.000 евра рок на отплата до 1,5 години за обртни средства со вклучени до 3 месеци грејс-период и до 5 години за инвестиции со вклучени до 1 година грејс-период и фиксна годишна каматна стапка од 2%.
Заклучно со 31.12.2015 година од оваа кредитна линија се одобрени 135 кредити во износ од 31,75 милиони евра. Преку ИПАРД Програмата, заклучно со 31.12.2015 година финансирани се вкупно 452 проекти со вкупна сума на државна поддршка од 6.405.979 евра.
Дополнително од ИПАРД-средствата се поддржани 45 млади земјоделци со повисока поддршка на кофинансирање од државата од 55% Овозможена е Поддршка за приватниот сектор во реализација на инвестициски проекти. Преку ИПАРД-програмата се финансирани 283 проекти и со вредност од 4 милиони и 612 илјади евра за инвестициски проекти во примарното земјоделско производство:
Финансиска поддршка преку ИПАРД е овозможена и за преработувачката индустрија и тоа 25 проекти во вредност 2 милиони и 827 илјади евра. Тука спаѓаат проекти за модернизација на преработувачки капацитети за овошје и зеленчук, проекти за модернизација на млекари и проекти за модернизација на откупни центри за овошје и зеленчук.
Продолжи поволната социјална политика за земјоделците. За посигурна старост на земјоделците, месечните придонеси за осигурување на земјоделците од 6.500 денари се намалени на околу 4.000 денари за регистрираните земјоделци, и на само 1.500 денари за земјоделците осигуреници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Сега над 9.000 земјоделци се регистрирани по двете основи. Персоналниот данок за регистрираните земјоделци не се плаќа за приходи од земјоделска дејност до 300.000 денари, додека за приходи до 1.300.000 денари изнесува само 2% Во 2012 година се започна со реализација на мерката за поддршка на започнување на земјоделски бизнис на млади земјоделци со обезбедување финансиски стимулации за реализација на предложениот бизнис-проект во висина до 10.000 евра.
Досега се склучени договори за финансиска поддршка на 168 млади земјоделци во вкупна вредност од 1.470.000 евра. Следен важен проект во делот на земјоделието е и замјишната политика. Државното земјиште е распределено на вистинските земјоделци.
Во периодот од 2006 до 2015 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има објавено 70 јавни огласи и 31 јавен повик за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост за закуп на целата територија на Република Македонија, при што доделена е вкупна површина од 62.000 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост.
За временскиот период 2006 до 2015 година склучено се 8.692 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Претходно пред 2006 година земјоделското земјиште беше распределувано на нетранспарентен начин што покажува дека биле склучени само 411 договори за закуп на земјиште, односно 20 пати помалку. Продолжуваме со политиката за распределба на земјоделско земјиште на вистинските земјоделци.
И во 2016 година ќе се објавуват огласи за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп на најмалку 5.000 хектари. Нашата цел е обработливата земја да дојде во рацете на оние кои навистина се занимаваат со земјоделие, односно вистинските земјоделци кои ќе обезбедуваат егзистенција со обработување на земјиштето.
Во насока на успешни проекти поврзани со земјишната политика би го истакнал праведното регулирање на користењето на државното земјоделско земјиште без договори особено во Тиквешијата и на другите места низ државата, коешто беше децениски проблем.
Склучени се договори за 3.706 хектари државно земјиште со 1.650 земјоделци кои претходно користеа државно земјиште со изминат договор или на друг нерегулиран начин. Би се осврнал и сега на руралниот развој.
Во насока на подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, инвестирани се значителни средства во македонското село кои во следниот период како приоритетни инвестиции ќе продолжат да се зголемуваат.
Согласно со Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој, поддржани се вкупно 447 проекти вклучени се и проектите кои се во тек со цел подобрување на квалитетот на животот во руралните средини како и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со својата работа, труд и посветеност покажа и докажа како се сака и како треба да се бориме за Македонија. Во ов