Изминатата година и покрај тоа што бевме во политичка криза, ВМРО-ДПМНЕ си продолжи да реализира ветени проекти, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски на денешната партиска трибина одржана во Лозово во рамки на кампањата „На Македонија ѝ треба твојата идеја“.-Проекти за подобрување на животот на младите, во делот на обрзованието, превозот, студентски домови. Проекти во секој сегмент од животот, за секој граѓанин со цел да им помогнеме на сите граѓаните. Работевме на подобрување на бизнис климата за привлекување на што е можно поголем број инвеститори и отворање на нови работни места. Нашиот главен фокус е намалување на невработеноста. Нас мандатот од народот ни е даден за тоа, а не да се расправаме со СДСМ, народот не го очекува тоа, тоа е споредна работа, посочи Пешевски.
Тој посочи дека СДСМ и покрај укажаната шанса да покажат некои проекти и да понудат решенија за одредени проблеми на граѓаните, преку министерските позиции кои ги добија, тие тоа не го направиле.
-Единствено што видовме е дека купија мебел, земаа возила, примија свои луѓе кај нив, почнаа да ги унапредуваат кадрите кои ги донесоа, дали по партиска или по роднинска линија и се зафатија со проекти за генерирање на криза и афери, нагласи Пешевски.
Членот на ИК на владејачката партија додаде дека СДСМ се свесни дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е на истото ниво како на претходните парламентарни избори, како да не се случила парламентарна криза, и дека им следи нов изборен пораз.-Проекти за подобрување на животот на младите, во делот на обрзованието, превозот, студентски домови. Проекти во секој сегмент од животот, за секој