Раководството на СДСМ колку и да бега од избори, нема кај да избега. Она што е сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе има убедлива победа. Нашата цел е да изработиме колку што е можна поквалитетна програма за граѓаните.Ова вечерва на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово го истакна заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир пешевски.
-Имаме многу систематски пристап во изработка на нашите програми, почнувајќи од првата, па сите програми натака. Оваа трибина е во функција на подготовка на нашата нова програма за овие вонредни парламентарни изобри, кои се случуваат не по наша желба. Оваа нова програма уште повисоко ќе ја постави летвичката и ќе биде најсериозната политичка програма што во историјата на Република Македонија било која политичка партија ја има предложено пред граѓаните, рече Пешевски.
Тој вети дека секоја идеја што ќе ја слушнат од граѓаните ќе биде запишана , анализирана, ќе се види дали е во корелација со други предлози од други граѓани и доколку сметаат дека може да ја реализираат, доколку има средства, таа ќе стане дел од програмата.
-Сакаме да го одржиме зборот, она што го даваме како ветување да го исполниме и ако е можно да направиме повеќе од она што е ветено, подвлече Пешевски.
Осврнувајќи се на политичката ситуација, Пешевски рече дека Македонија како резултат на делувањето на СДСМ, раководството на СДСМ, а не обичните членови, предизвика една сериозна криза минатата година.
– Со сите негативни проекти кои што ги стартуваа, СДСМ сакаше да го принуди ВМРО-ДПМНЕ на избори. Дојде момент кога се договоривме за вонредни избори и се определи датум за нив. Она што се гледа е дека сега и покрај нивните настојувања да има избори, раководството на СДСМ бега од тие избори, бега затоа што сфатија дека поддршката на народот, сите рејтинзи што се мерат се на страната на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Пешевски.
Пешевски рече дека тој што работи и греши, но нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не направи никаква стратешка грешка во изминатите години, а реализираше огромен број на проекти.
-Народот тоа го препознава добро и на сите анкети ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски имаат огромна поддршка. Соочени со таа реалност, СДСМ се свесни дека ако излезат на избори и ќе изгубат и ќе доживеат тежок пораз и сега имаме ситуација кога тие бегаат од изборите. Две институции кои се најоодговорни за организација на зиборите, тоа се ДИК и МВР веќе се под контрола на СДСМ. ДИК по правило е секој пат управувана од опозицијата, имаа 8 години да го прочистат Избирачкиот список. Раководството на СДСМ знае што го чека и обидувајќи да си ја задржи позицијата сака да избега од избори, рече Пешевски.
Сепак, тој подвлече дека СДСМ колку и да бега од избори, нема каде да бега. Она што е сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе има убедлива победа.Ова вечерва на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово го истакна заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир пешевски.