Пешевски: Сега многу важно да бидеме фокусирани на одржување нормални, регуларни парламентарни избори

Ги нотираме сите забелешки од Извештајот на Европската комисија и ќе продолжиме со нивно имплементирање, но сега е многу важно да бидеме фокусирани на одржување нормални, регуларни парламентарни избори, рече денеска вицепремиерот Владимир Пешевски.– Следната влада, со мандатот што ќе го добие и со целосниот капацитет, ќе стави крај на политичката криза и ќе даде нов импулс кон решавање на реалните проблеми на граѓаните од кои дел се нотирани во Извештајот, а поголемиот дел од нив веројатно си ги знаеме ние самите и тоа е нешто со што ќе се излезе како платформа на овие избори, додаде Пешевски, одговарајќи на новинарски прашања по работилницата за усогласување на Целите за одржлив развој на ОН со македонските национални документи.
Според него, Извештајот е добар документ и треба да се анализира, но треба да се има предвид и времето кога е издаден, како и дека работите, сепак, се малку посложени од она што само се презентира во еден извештај.
– Македонија се наоѓа во сложена политичка состојба. Европската унија е дел од политичките процеси во земјава и активен учесник, но треба да се биде внимателен кога се чита Извештајот, потенцира вицепремиерот.– Следната влада, со мандатот што ќе го добие и со целосниот капацитет, ќе стави крај на политичката криза и ќе даде нов импулс кон реша

Пронајдете не на следниве мрежи: