100 % ќе бидат обесштетени граѓаните чии домови беа уништени во поплавите, вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, во гостувањето на Канал 5.-Тоа се однесува и на штетата во домовите, штетата на возилата, како и на земјоделските посеви. Бидејќи се работи за три различни категории и комисии, на терен се околу 40-на тимови кои што работат. Ова е најважната мерка за граѓаните, вели Пешевски.
Се очекува проценителите до среда на пладне да го извршат првичниот увид со што ќе биде направено собирање на основните податоци.
-Разгледуваме можност дел да биде исплатено како аванс а дел откако целосно ќе биде завршена анализата. Има уште 7 мерки кои се во различни категории. Дел се однесуваат на здравствените услуги. Тука за оние што се погодени од поплавите, делот за партиципација на здравствените услуги ќе бидат ослободени определен период. Во делот на социјалната помош оние кои се приматели ќе добијат за 50% зголемување исто така во определен временски период. Изработка на елаборати за легализација на дивоградбите кои ќе бидат изработени бесплатно од страна на Катастарот. Од министерството за земјоделие определена количина на храна ќе биде дадена на оние каде што има животни и чија храна е уништена, вели Пешевски.
Исто така во рок од 3 месеци ќе бидат ослободени од плаќање на ѓубретарина и вода. А бидејќи се наближува школската година за оние семејства кои имаат ученици, бесплатно ќе им биде набавен училишен прибор.-Тоа се однесува и на штетата во домовите, штетата на возилата, како и на земјоделските посеви. Бидејќи се работи за три различни категории и комис