Наместо деструктивноста и манипулациите на СДСМ, граѓаните ги избираат конструктивноста и проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо обвинувања и ширење на дезинформации, граѓаните сакаат програми и проекти.Ова вечерва на средба со жителите во Петровец го истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски.
-Проекти кои создадоа 160.000 работни места со кои невработеноста е намалена на рекордно ниски 24%, проекти со кои се градат и рехабилитираат патишта, основни и средни училишта, градинки, болници, проекти и за помладите но и за постарите. Граѓаните знаат дека со работа, посветеност и труд се постигнуваат резултати и токму затоа ја даваат својата доверба на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на изборите на 11 декември ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се сигурни дека ние ќе ја оправдаме нивната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ со сигурност победува на следните избори и со тоа ќе ставиме крај на политичката криза и ќе продолжиме со реализација на проекти за поубава и постабилна иднина, посочи Пешевски.Ова вечерва на средба со жителите во Петровец го истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски.
-Проекти кои создадоа 160.000 работн