Пешевски во Василево: Поддршката за земјоделците ќе продолжи уште позасилено

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Република Македонија денес оствари посета на населените места Радичево и Висока Маала во општина Василево, каде што оствари средба со локалното население.За време на средбите тој ја презентираше програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори, со особен осврт на проектите од големо значење за жителите од руралните средини, особено оние кои се занимаваат со земјоделство.
-Во досегашниот период земјоделците од Василево беа поддржани со над 7 милиони евра субвенции од страна на Владата. Во наредните четири години субвенциите за земјоделство ќе продолжат и за тоа ќе бидат наменети 600 милиони евра, истакна Пешевски.
Тој дополни дека површините кои организирано се наводнуваат не се доволни и затоа во годините кои следат АД Водостопанството на Република Македонија и Министерството за животна средина ќе инвестираат 140 милиони евра, за подобро наводнување, со што приносите од земјоделството значително ќе се зголемат.
-Ќе продолжиме и со квалитетна земјишна политика, со доделување на користење на државно земјиште на вистинските земјоделци, а не како во времето на СДСМ, кога државно земјиште добиваа нивни членови и локални моќници. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ се склучени 9251 договори со индивидуални земјоделци и при што се поделени над 65 илјади хектари државно земјоделско земјиште, на транспарентен начин. За споредба во времето на СДСМ беа потпишани само 411 договори со земјоделците, а беше поделена поголема земјоделска површина, потенцира Пешевски.
-Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за подобар живот на земјоделците и затоа и тие знаат за кого да му го дадат својот глас, заврши Пешевски.За време на средбите тој ја презентираше програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори, со особен осврт на проектите од големо значење за жителит

Пронајдете не на следниве мрежи: