Самитот во Париз е продолжување на процесот што започна во Берлин, продолжи во Виена и ќе заврши на крај во Рим. Се работи за еден напор на Европската Унија, државите кои не се членки на ЕУ да ги засилат интергративните процеси во неколку сегменти на функционирање, а за таа цел се одвоени финансиски средства, вели заменик Претседателот на Владата, Владимир Пешевски, задолжен за економски прашања директно од Париз, за ТВ Нова.На самитот во Париз, Унијата соопшти дека за државите од Западен Балкан одвојува речиси 150 милиони евра за инфраструктурни транспортни и енергетски проекти.
Република Македонија користи уште од првата транша на едната милијарда која е алоцирана за оваа активност, а тоа се средтсва за градење на далекуводот кон Албанија.
-Ние конкурираме и со други проекти. Дел од нив ќе останат за разгледување и понатаму бидејќи не се сите средства искористени, рече Пешевски.
Главната политичка порака е државите од регионот не се заморени од интергративните процеси на Европската Унија и покрај излегувањето на Британија. Сепак земјите и понатаму гледаат во Унијата главен пазар, главна можност за понатамошен напредок на своите економии.
-Овие средства се во насока и да се засили соработката меѓусебно, на полето на енергетика, инфраструктурата и транспортот. Ние ја претставивме Македонија, продолжуваме на ручекот на министрите за економија. За нашата земја важно е да биде присутна тука. Во однос на сите држави во делот на бизнис реформите сме најдалеку отидени, што беше потврдено од бизнис експертите од Светската банка, што значи дека движиме во вистинска насока, истакна Пешевски.
Во однос на странските инвестиции и потенцијални француски партнери, Пешевски додаде дека е остварена соработка години наназад и Македонија има промотори во Франција.
-Остваривме средби со неколку компании кои имаат интерес за конкретни проекти, во однос на делот на заштита на животната средина. Тие ја посетиле Македонија и дел од нив ќе продолжат да ја посетуваат. Не се засегнати од политичката криза затоа што реалните бројки говорат сами за себе, додаде Пешевски.
Цел на самитот додаде тој е и да се засили и соработката меѓу самите земји на неколку полиња како енергетиката, инфраструктурата, транспортот, а на бизнис форумот во Париз би ла посочена и нова тема – дигиталната технологија и дигиталните држави.
-Ние ја претставивме Македонија. Сега продолжуваме на работниот ручек на министрите за економија на кој ќе се говори за конкретни проекти и иницијативи. Во секој случај за Македонија е важно да биде присутна тука и да покаже што има да каже, бидејќи сепак, во делот на бизнис реформите сме отидени најдалеку од сите држави, што беше нотирано и од експертите на Светската банка кои се присутни на овој форум. Голем дел од проектите во Македонија се финансирани од меѓународните финансиски институции што значи дека она што го правиме е во вистинска насока, но се разбира треба да се продолжи по оваа патека и конечно политичката криза која што владее во Македонија можеби е мал застој кај нас но долгорочно сепак економијата останува и кај нас и во ЕУ главниот фокус, рече вицепремиерот Пешевски.
Запрашан дали може да очекуваме француски компании да дојдат во посета на Македонија по форумот, тој нагласи дека веќе соработуваме со француски компании години наназад, а и овој пат бил изразен интерес за можна соработка.
-Македонија има промотори во Република Франција. Остваривме среди со некои компании. Имаат интерес за проекти од областа на заштита на животната средина. Тие ја посетиле Македонија но дел од нив ќе продолжат да ја посетуваат бидејчи гледаат дека бизнис климата во Македонија е поволна. Не се премногу загрижени од политичката криза бидејчи реалните бројки што ги презентираме говорат сами за себе. Така што ќе продолжиме понатаму по истата патека, рече вицепремиерот Пешевски.
На бизнис форумот присуствуваа компании и стопански комори од земјите од Западен Балкан како и француски компании заинтересирана за соработка и инвестиции во регионот.
Самитот на шефови на држави и влади како централен настант на тетиот самит за западен Балкан во Париз во рамки на Берлинскиот процес ќе почне попладнево. Македонската делегација на самитот ја предводи премиерот Емил Димитриев, а покрај премиерите од Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ и Косово учествуваат и германскиот канцелар Ангела Меркел и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини. Самитот ќе го отвори претседателот на Франција Франсоа Оланд.На самитот во Париз, Унијата соопшти дека за државите од Западен Балкан одвојува речиси 150 милиони евра за инфраструктурни транспортни и енергетск