Властите во Малезија забранија емитување на популарната песна „Деспасито“, поради „неисламската содржина“ на текст на овој планетарен летен хит.Оваа држава во југоисточниот дел на Азија имаа строги закони за цензура, поради кои и порано забранувала песни, филмови и други содржини со „чувствителни теми“.
– Песната „Деспасито“ повеќе нема да се емитува на државните радио станици и телевизии поради големиот број жалби од јавноста кои ги добивме. Текстот на песната не е соодветна за слушање и е неисламски, изјави малезискиот министер за комуникации Салех Саид Керуак.
Според Керуак, и приватните радио станици би требало да го цензуираат емитувањето на песната, имајќи ја предвид локалната култура.
„Деспасито“ на Луис Фонси и Деди Јенки синоќа беше прогласена за најслушана песна на сите времиња, откако за само шест месеци била емитувана 4,6 милијарди пати на разни музички платформи во целиот свет. Исто така, песната веќе со недели е на прво место на музичките топ листи во САД, Австралија и Велика Британија, а на Јутјуб ја надмина популарноста на „Гангам Сатјл“.Оваа држава во југоисточниот дел на Азија имаа строги закони за цензура, поради кои и порано забранувала песни, филмови и други содржини со „