Пет фасцинантни факти за сонот

Сите сонуваме, но малку знаеме за соновите. Зошто сонуваме? Што значат соновите?
Еве неколку интересни факти за соновите:
1.Соновите може да помогнат во учењето
Ако учите за испит или се обидувате да совладате нова материја, наместо учење доцна во ноќта, размислете за порано заминување во кревет. Кога мозокот сонува ви помага при решавањето на проблемите. Низ сонот мозокот ги обработува и разбира новите информации.
2.Најчест сон? Неверството на партнерот!
Најчест сон е оној во кој вашиот партнер ве изневерува. Но, без грижа доколку и кај вас е чест сон, неговото значење не  е поврзано со неверството во „вистинскиот“ живот. Тој сон значи дека вие се плашите дека партнерот ќе ве напушти.
3.Секоја ноќ сонуваме неколку различни сонови
Не сонувате само еден сон туку во прашање е цела низа на сонови – само што не се се сеќавате. Сонуваме на секои 90 минути во текот на ноќта а секој циклус на сонови е подолг од претходниот. Првиот сон трае околу пет минути, а последниот пред да се разбудите може да биде долг и до 45 минути.
4.Дури и бизарните и неповрзаните сонови имаат свое значење
Сонувавте неповрзани работи, па решивте да ги отфрлите како неважни и да не размислувате за тоа… но значењето на сонот е често поврзано со работите кои би требало да ги знаеме за себе и за околината. Обидете се да ги споите значењата.
5. Сонови кои се повторуваат
Често сонувате еден ист сон? Побарајте скриена порака во сонот за да го решите проблемот што ве мачи.Сите сонуваме, но малку знаеме за соновите. Зошто сонуваме? Што значат соновите?

Пронајдете не на следниве мрежи: