Пет интересни факти за презервативите

Интересен е факот дека во минатото во европските земји презервативите биле забранувани, а во САД ограничувањето за рекламата за истите било прекинато дури во 1991 година. Дали сте ги знаеле следниве факти за нивната историја?1. За прв пат зборот кондом се среќава во студијата за сифилис на италијанскиот доктор Габриел Фалопио публикувана во 1564 година. Токму таму не станува збор за кондоми како денешните туку за некаков вид на „футрола“ изработена од лен и обработена со одреден хемиски раствор по што треба да се исуши.
Во мемоарите на најпознатиот љубовник на сите времиња Казанова кои датираат од 1770 година се среќава забелешка за гореспоменатите презервативи, а за да се осигура дека не се скинати тој ги дувал пред нивно користење.
 
2. Првиот презерватив од гума бил изработен 1855 година, додека пак масивната продажба на истиот во САД и Велика Британија започнал неколку години подоцна. Најпрвин тие биле со класична големина, а подоцна компаниите откриле дека продажбата ќе ја зголемат со понуда на различни размери на кондоми кои ќе ги продаваат во аптеките. По Првата светска војна, пред се поради намалениот наталитет, во голем број западно – европски земји била забранета продажбата на кондоми што своевидно значело нивна продажба на црниот пазар.
 

 
3. Во 1935 година во САД биле тестирани повеќе од 2 000 кондоми и било изјаснето дека 60% од нив протекуваат. Од индустријата изјавиле дека околу 25 % од произведените презервативи се проверуваат пред пакување додека пак за останатите треба да внимаваат самите корисници. 
4.  Во САД долго време на сила била забраната за реклама на кондомите пред се поради борбата за морално здрава нација. Првата реклама на националната телевизија во САД се појавила 1991 година.
5. Од денешен аспект денес постојат голем број на научни обиди и реализации да се создадат презервативи во вид на гел или спреј кој по односот се стврднува и на тој начин овозможува бариера.1. За прв пат збор

Пронајдете не на следниве мрежи: