Пет медали за Тиквеш на Мundus vini во Германија

Скопје, 09.03.2016 – Вината на винарската визба „Тиквеш“ освоија три златни и две сребрени медали на еден од најпрестижните светски натпревари за вино. Златни медали освоија Домен Лепово Шардоне 2015, Домен Лепово Гранд Куве 2013 и Каберне Франк  Special Selection 2015, додека Темјаника Special Selection 2015 и Александрија Куве розе 2015 добија сребрени медали на големиот интернационален вински натпревар Мундус Вини (The Grand International Wine Award – MUNDUS VINI), кој по 18-ти пат се одржува во Германија.Годинава, меѓународното жири составено од 160 судии-дегустатори од 36 земји имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите вина. Имено, конкуренцијата ја сочинуваа над 5.000 квалитетни вина кои потекнуваат од 149 вински региони ширум светот.
„Големиот број и значајни медали освоени во ваква конкуренција нѐ прави исклучително задоволни затоа што покажува дека квалитетот на нашите вина е на светско ниво.
Ваквите достигнувања секако ќе придонесат за креирањето на посакуваната репутација за врвните вина на „Тиквеш“ на најзначајните светски вински пазари, како и за целата македонска винска индустрија, што секако е една од нашите стратешки цели“, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски.
Две од наградените вина кои освоија златни медали се произведени во винарница
„Домен Лепово“ каде целокупниот процес на производство се одвива на самиот посед каде се лоцирани лозјата, во идеални услови и според најдобрите практики на француската винска школа, при што резултатот се исклучително моќни, екскузивни вина со извонреден квалитет, кој сега добива и меѓународна верификација.
Третото вино кое се закити со злато, Каберне Франк Special Selection 2015 е новитет во портфорлиото на ВВ „Тиквеш“ и сеочекува да се појави на пазарот кон крајот на пролетта.
Натпреварот Мундус Вини се одржува под патронат и правила на Меѓународната организација за вино (OIV) и Mеѓународната унија на енолози (UIOE).Годинава, меѓународното жири составено од 160 судии-дегустатори од 36 земји имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите вина. Имено,

Пронајдете не на следниве мрежи: