Пет можни здравствени проблеми доколку постојано ви студи

Додека на сите околу вас им е пријатно, вие го појачувате греењето и се покривате со ќебе? Време е да го проверите вашето здравје!Имено, доколку секогаш ви е студено, можеби имате некои од следните пет здравствени проблеми, предупредува докторката Холи Филипс. Еве кои се тие: 
Пореметување на работата на штитната жлезда
Доколку секогаш ви студи, можеби страдате од хипертиреоза – вашата штитна жлезда не функционира како што треба, односно не лачи доволно хормони. Последица на тоа е забавување на метаболизмот и неможност на телото да произведува доволно топлина.
Анемија
Ниското ниво на железо во крвта е најголемата причина поради која постојано сте зиморливи. Железото им помага на крвните клетки да го пренесат кислородот низ телото односно да ја спроведат топлината и хранливите состојки кон сите негови делови.
Лоша циркулација
Студените стопала и раце укажуваат на лоша циркулација и проблеми со кардиоваскуларниот систем.
Недостаток на сон
Еден од симптомите на недостаток од квалитетен сон е токму чувството на студ низ целото тело. За среќа, овој симптом лесно се лечи – штом ќе се наспиете, повеќе нема ви студи.
Недостаток на витамини
Витаминот Б12 има голема улога во намалување на зиморливоста. Тој е задолжен за производство на црвените крвни зрнца кои помагаат во спроведување на кислородот низ телото.Имено, доколку секогаш ви е студено, можеби имате некои од следните пет здравствени проблеми, предупредува докторката Холи Филипс. Еве кои се тие:&

Пронајдете не на следниве мрежи: