Пет начини како да го прославите „Денот на вљубените“ иако немате партнер!

Иако е „Ден на вљубените“ , пред се нели празник за парови, што ве спречува да го прославите како што доликува иако немате партнер?Ние ви носиме 5 фантастични начини како да се забавувате на „Денот на вљубените“
1. Направете журка
Оранизирајте журка и повикајте ги сите ваши пријатели кои се сингл. Овде не е поентата да се запознаваат луѓето меѓусебно  или можеби да навлезат во една љубовна романса. Тоа ќе биде група на луѓе кои одрбрале во тој момент од животот да немаат партнер и едноставно да уживаат едни со други.
2. Волонтирајте
Ако веќе немате некаква идеја што да правите за „Денот на заљубените“ секогаш можете да направите некое добро дело или да помогнете на некого на кого навистина му е потребна помош. Направете заедно со пријателите весели разгледници за „Денот на вљубените„ и продавајте ги во добротворни цели!

3. Испланирајте патување
Кој кажува дека морате овој ден да го поминете во вашиот роден крај? Испланирајте некое патување и поминете го денот запознавајќи нови предели, знаменитости, храна и луѓе. 
4. Ова нека биде само ваша вечер
Ова е совршена прилика да се посветите самите на себе и да организирате една вечер специјално за вас. Задоволете си се себеси, подгответе си храна, испробувајте облека…едноставно правете се што ве опушта и прави среќни!
5. Ова е само уште еден обичен ден
Не заборавајте… „Денот на вљубените“ е само уште еден обичен ден… Не морате да правите ништо ако не сакате. И не се преоптеретувајте со планирање ако не сакате ништо да правите тој ден. Ние ви носиме 5 фантастични начини како да се забавувате на „Денот на вљубените“
1. Направете журка

Пронајдете не на следниве мрежи: