За правилно функционирање во животот, многу е важно да го одржуваме мозокот здрав, со соодветна храна и соодветни активности.Неодамнешните истражувања покажаа дека одредени едноставни практики може многу да го подобрат здравјето на нашиот мозок. Издвојуваме неколку основни работи кои би можеле да ги практикувате секојдневно.
1.Хранете се здраво
Во еден експеримент глувци кои се хранеле со храна богата со шеќер за многу подолго време излегле од лавиринтот отколку оние кои биле хранети со храна со омега-3 масни киселини. Самиот мозок се состои од 60% масти, па таквата храна е идеална за него.
2.Читајте почесто
Доколку гледате вести, или пак филмови, мозокот не е доволно предизвикан да ги разработува информациите. Затоа пак, додека читаме весници или книги, мозокот работи на визуелизација на зборовите, што е одлична вежба за него.
3.Препознајте ја депресијата и спасете се од неа
Најлесно да забележите дека сте во депресија е моментот кога престанувате да правите работи кои порано многу сте ги сакале. Депресијата најчесто настанува поради нарушување на хемиската рамнотежа во мозокот. Редовното вежбање и физичка активност ќе ја вратат рамнотежата во мозокот.
4.Редовни движење и физичка активност
Научниците докажале дека стриатумот, делот од мозокот каде се сместени центрите за меморија, е поголем кај спортистите отколку кај луѓето кои се слабо физички активни. Практикувајте некакво вежбање или пак џогирање барем по еден час во денот за подобра меморија.
5.Пијте само по едно кафе на ден, не повеќе
Кофеинот во една шолја кафе е мошне корисен за дневната активност на мозокот, но доколку претерате со кафето, когнитивните способности на мзокот значително ќе ослабат.Неодамнешните истражувања покажаа дека одредени едноставни практики може многу да го подобрат здравјето на нашиот мозок. Издвојуваме неколку основн



